Author: Media Point
Скопје.21.09.2018 година – По полициската акција вчера во Сити мол, уапсени се пет лица. Како што информираат од МВР, вчера околу 16 часот од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Марцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“,во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22), Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка ТТ кал.7,62 мм. Лицата се лишени од слобода и приведени во полициската станица од ОН Карпош. СВР…
Берово ќе добие модерен зелен градски пазар. Објектот се гради на површина од 1.800 метри квадратни и ќе се состои од три модули – два продажни и еден влезен дел. Според планот, едниот дел ќе биде наменет за раноградинарски и земјоделски производи, а другиот за овошје и друг вид прехранбени продукти : „Проектот е почнат со градба, архитектурата е во амбиентален стил со дрво и камен. Сметаме дека општина Берово ќе добие еден прекрасен објект, кој ќе придонесе за подобри услови и за развој на туризмот“, објасни Мишо Догазански, одделение за урбанизам – општина Берово. Средствата за изгрдба на овој…
Крвава тепачка се случила вечерва во скопски Аеродром кај „Тобако 2“, објави „Макфакс“ Според информациите на „Макфакс“ едно лице во безсознание со возило на Брза помош е однесно во болница. Од видеото се гледа дека како четири лицаа бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.
Почна поставувањето на бината и штандовите за угостителските објекти, кои ќе бидат дел од 12. издание на манифестацијата „Пастрамајлијада“. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов денеска изјави дека од утре градот ќе понуди вистинска програма и забава за сите посетители. – Програмата утре во 20 часот ќе ја отвори Кристина Арнаудова со нејзина едночасовна програма, а во 21 часот е свеченото отворање на „Пастрамајлијадата“ и со сечењето на џиновската пастрамајлија. Тоа е традиција, којашто секоја година ја правиме со тоа што џиновската пастрамајлија единствено може да ја направи фирмата „Макпромет“, а ја прави и оваа година. Ќе…
Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и претседателот на Совет на општината, Иван Кузмановки денес остварија средба со претставници на Здружението на пензионери од нашиот град. Приемот на претставниците од Здружението на пензионери се должи на нивното учество на 23-тите Републички пензионерски спортски натпревари, кои на 2-ри септември 2018 година се оддржаа во Радовиш. Во 11 спортски дисциплини во машка и женска конкуренција, за учесници до и над 60 години, каменичките пензионери успеаа да освојат повеќе сребрени и бронзени медали. По тој повод, од претседателот на Совет на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски тие добија признанија за постигнатите успеси…
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки: Код на мерка Назив на мерката Максимална вредност на прифатливи трошоци Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност до 600.000,00 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник Повеќе информации во документите прикачени подолу: Документи за превземање
Македонска Каменица 19.09.2018 година – Во рамки на своите овластувања и предвидената програма општина Македонска Каменица започна со неколку градежни активности за просторно уредување на повеќе локации во градот. „Регулација на дел од речно корито на Каменичка Река и изградба на каскаден праг“ и поставувањето на украсна заштитна ограда околу училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ се дел од повеќето истовремени градежни активности на кои моментално работат фирмите изведувачи. Градоначалничката на општина Македонска Каменица со стручен тим составен од градежници и соработници од Одделението за урбанизам извршија увид на терен за текот и интензитетот на извршување на градежните активности. „Започнавме…
Македонска Каменица и годинава се најде на картата градови- домаќини на светски реномираниот фестивал „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“. Каменичани имаа можност на улиците од градот да го проследат дефилето на учесниците и одличните концертни настапи од 33-то издание на Фестивалот во Домот на култура во Македонска Каменица. Во текот на вчерашниот ден, Македонска Каменица беше домаќин на 33-то издание од МФФ „Истибањско Здравоживо“. Долж улиците во централното подрачје на градот, учесниците од фолклорните ансамбли од Бугарија, Труција, Хрватска, Словенија, Молдавија, Литванија како и играорната група при каменичката КУД „Вера Јоциќ“ го изведоа традиционалното дефиле. Пред почетокот на дефилето во просториите на Дом…
Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе ја потпишат денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих. Македонската Влада на 26 јуни годинава ја усвои декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија, откако по преговорите меѓу надлежните министерства во мај годинава беше усогласен нејзиниот текст. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или…
Македонска Каменица 18.09.2018 година – Со подршка на општина Македонска Каменица и Рудник САСА, вчера во Македонска Каменица беше отворена просторија која ќе врши функција на социјален клуб за лица со интелектуална попреченост. Во присуство на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и претставници од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, останати претставници на локалната и централна власт, отворен е социјален клуб за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Просторијата на социјалниот клуб е доделена од Општина Македонска Каменица и опремена со донација од Рудник Саса. Ние…
