Недела, 1 ноември 2026 година, кога нашата Света Црква го слави споменот на преподобниот Прохор Пчињски, во истоимениот манастир во Србија свечено беше прославена манастирската слава.
На покана на домаќинот, Неговото Високопреосвештенство архиепископ и митрополит Врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, со Светата архијерејска Литургија началствуваше Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко. На литургијата сослужуваа свештенството и свештеномонаштвото од епархијата Врањска и Делчевско-каменичката епархија, како и свештенослужители од други епархии.
Во текот на богослужбата, митрополитот Врањски Пахомиј го толкуваше прочитаното свето Евангелие, истакнувајќи ги неговите духовни поуки и значењето на манастирот „Преподобен Прохор Пчињски“ за духовниот живот на верниот народ.
















