Македонска Каменица 18.09.2018 година – Со подршка на општина Македонска Каменица и Рудник САСА, вчера во Македонска Каменица беше отворена просторија која ќе врши функција на социјален клуб за лица со интелектуална попреченост.

Во присуство на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и претставници од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, останати претставници на локалната и централна власт, отворен е социјален клуб за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Просторијата на социјалниот клуб е доделена од Општина Македонска Каменица и опремена со донација од Рудник Саса.
Ние како локален огранок на РЦПЛИП “Порака” во Македонска Каменица силно веруваме дека новата просторија на социјалниот клуб ќе биде дом на една плодна работа, од каде што ќе продолжи и успешно ќе заврши нашата безрезервна борба за вистинска општествена инклузивност на лицата со посебни потреби и нивната еднаквост во општеството. – изјавија претставници на “Порака” од Македонска Каменица.
