Делегација од италијанската општина Неиве денеска престојуваше во посета на Македонска Каменица.
Делегацијата, предводена од градоначалникот Паоло Пичинели, заедно со заменик-градоначалничката Луиза Бофа и членката на Општинскиот совет, Силвана Трајановска, беше примена во кабинетот на градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Средбата помина во пријатна и срдечна атмосфера, како можност за меѓусебно запознавање, размена на искуства од работата на локалните самоуправи и во разговор за можностите за воспоставување соработка меѓу двете општини.
Од Општината посочуваат дека ваквите средби се значаен чекор кон градење нови пријателства, поврзување на локалните заедници и отворање можности за заеднички иницијативи во иднина.
Градоначалничката Стаменкова им се заблагодари на гостите за посетата и за пријатната средба, со надеж дека ова е почеток на едно убаво и долгогодишно пријателство меѓу Македонска Каменица и Неиве.
