Премиерот Мицкоски на промоција на 100 нови амбулантни возила: Инвестициите во здравството остануваат врвен приоритет
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.
Како што истакна премиерот, станува збор за значаен чекор кон модернизација и зајакнување на македонскиот здравствен систем. Новите возила, опремени со современа медицинска опрема, ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција, подобри услови за работа на медицинските тимови и поголема сигурност за граѓаните.

Мицкоски нагласи дека инвестициите во здравството остануваат еден од клучните приоритети на Владата.
Покрај набавката на новите амбулантни возила, во подготовка се и капитални проекти за изградба и модернизација на здравствената инфраструктура, меѓу кои клиничката болница во Штип, здравствениот дом со проширена дејност во Кичево, клиничката болница во Тетово и новиот клинички центар во Скопје.

Според премиерот, станува збор за проекти што треба да обезбедат поквалитетна и подостапна здравствена заштита за сите граѓани, со цел пациентите да добиваат навремена услуга, а здравствените работници да имаат современи услови за работа.

