Author: Media Point

Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално по 19-ти пат, ќе го организира Републичкиот натпревар „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ”. Спред правилата за организирање на натпреварот, учество можат да земат ученици и членови на локалните и училишните библиотеки на возраст до 14 години. Победниците на општинските натпревари учествуваат на Републичкиот натпревар. Библиотеките, општинските натпревари треба да ги спроведат до 20.10.2018 година. Во договор со училиштата од М.Каменица и Делчево,ќе се одреди точниот датум на одржување на натпреварот. Трошоците околу натпреварот се на товар на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Последниве неколку години Европската Унија мака мачи со нелегалната миграција. На бродовите со африкански мигранти не им е дозволено да се приближат до европските пристаништа, на истокот од Германија десницата протестира против нелегалната миграција, но и криминалиите на мигрантите. Но, овој вид миграција, во која луѓето од различни култури во голем број пристигнуваат во Европа за подобар живот, е засенета од друг вид миграција: онаа помеѓу европските земји. Според некои експерти, оваа миграција речиси еднакво силно го менува идентитетот на земјата како и миграциите од другите континенти. А овој идентитет се менува и во земјите од каде што доаѓаат луѓето.…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 02.10.2018 година – Според полицијата, вчера во 10 часот било пријавено дека на локалниот пат Делчево – село Очипала, кај место викано Ралова Чука, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен саксо“ со делчевски регистарски таблички, управувано од В.Г.(55) од с.Очипала, Делчевско, и возило „форд“ со штипски регистарски таблички, управувано од Д.П.(74) од Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „форд“, Д.П., кој по укажаната лекарска помош во болницата во Делчево, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.…

ПОВЕЌЕ ...

Прв академски час за новата генерација студенти на државните универзитети во земјава. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, на новите студенти им порача дека е чест, но и голема обврска, да се припаѓа на најстариот и најголемиот универзитет во земјава, кој во оваа учебна година одбележува 70 години постоење. Посочувајќи на предизвиците кои им претстојат, Јанкуловски на новите студенти им порача дека со добивањето на препознатливиот црвен индекс, стануваат дел од реномираното академско семејство Новина во оваа академска година е почетокот на Еразмус плус студентска пракса, со што на студентите им се овозможува да стажираат во компании во земјите на Европската…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 26.09.2018 година – Утрово во 04:45 часот до ТППЕ во Македонска Каменица пристигна пријава за појава на пожар во село Дулица кај м.в Козинец. Зафатена е борова шума на површина од близу 2 хектари во пожарот кој е локализиран во 07:15 часот. Во непосредна близина на првиот пожар, во пладневните часови се појавува и нов пожар со посилен интензитет. Противпожарните екипи се на терен, пожарот иако е локализиран, сеуште е активен. Според одговорните лица од ТППЕ во Македонска Каменица, симпроматично е времето и местото на појава на пожарите, при што не ја исклучуваат можноста пожарите и во двата наврати,…

ПОВЕЌЕ ...

Иницијативниот Одбор, составен од делегати на Собранието на ОФС – Кочани, одржа седница на 23.09.2018 година, на која донесе Одлука согласно статутот на ОФС – Кочани и ФФМ за свикување, организирање и спроведување на Вонредно Генерално Собрание на ОФС Кочани на ден 21.10.2018 година (Недела) со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани. Иницијативниот одбор формира и Работна група, која се обврзува да свика, организира и спроведе Вонредно Генерално Собрание согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ во предвидениот рок и да испрати покани, дневен ред и матрејали за Собранието до: Делегатите на…

ПОВЕЌЕ ...

Во пехчевското село Негрево официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата, кој е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), координиран од Фармахем. Како што истакна пехчевскиот градоначалник Драги Тренчовски, со реконструкцијата на старата училишна зграда во село Негрево, внатрешниот и надорешниот дел се адаптирани за потребите на современ и интерактивен едукативен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира разновидноста на брегалничкиот слив. Како што информираше заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, изградбата…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 13 до 22 степени. Во Каменица ќе биде сончево со мала облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 18 степени. До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.

ПОВЕЌЕ ...

До крајот на годинава, Кочани ќе добие пречистителна станица. Ова, денес го најави амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сутер Тејада, која заедно со градоначалникот Илијев и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања, беа на увид на градежните активности : „Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на оваа година, а пуштање во работа да биде некаде во средината на идната година“, најави Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија. Во пречистителната станица кај Мојанци ќе бидат третирани отпадните води од Кочани и од околните села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители. Целиот комплекс ќе биде опремен со…

ПОВЕЌЕ ...

Комендијата „Вдовицата се мажи“ – претстава во изведба на театар Јордан Х.К. Џинот од Велес, утре со почеток од 19:30 часот гостува во Дом на култура – Македонска Каменица. Претставата е во режија и адаптација на Младен Крстевски и текст од „Мечка“ на А.П. Чехов Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски, се имињата на актерите кои го движат дејството на сцена. Влезниците со цена од 100 денари веќе се пуштени во продажба, истите можат да се купат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. *претставата е наменета за публика над 16 годишна возраст

ПОВЕЌЕ ...