Author: Media Point

Македонска Каменица 05.10.2018 година – Со смената на последните 110 метри од азбестна водоводна мрежа, општина Македонска Каменица го заврши процесот на отстранување на канцерогените цевки на целата територија од градот. Со ова општина Македонска Каменица ја остварува својата заложба како локална самоуправа да им обезбеди чиста вода за пиење на сите граѓани. Системски продолжува обновувањето на примарната и секундарна водоводната мрежа на целата територија од Општината. Следен чекор е поставувањето на хлоринатори на водоводните мрежи од селските средини и изработка на проект за замена на мрежата кај дел од домаќинствата во маало Павлиш Дол, кои извесен период ја користат старата…

ПОВЕЌЕ ...

По повод Недела на детето, која се одбележува од 1 до 7 октомври секоја година, ООУ,,Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица се реализираа низа активности. Во рамки на одбележувањето на оваа Манифестација учениците од прво одделение ја посетија полициската станица во нашиот град. На одделенските часови на 1 октомври учениците беа запознаени со одредбите од Конвенцијата за правата на децата, програмска активност  која вклучува смена на улоги, во кои учениците беа во улога на наставници, и културно уметничка програма во чии рамки беше прочитано и детското ветување.

ПОВЕЌЕ ...

Желбата да се направи што е можно поинтересно и предизвикувачко селфи однела 259 човечки животи во периодот од 2011 до 2017 година, покажуваат резултатите од истражувањето на Националната медицинска библиотека на САД. Истражувачите препорачуваат да се воведе „забранета зона за селфи“ на опасни локации за да се намали бројот на жртвите. Овие локации се планински врвови, високи згради и езера. Најчестите причини за смрт се давење, транспортни несреќи и пад од височина или во вода. Исто така, фаталните исходи се чести поради напади на животни, струјни удари, како и поради огненото оружје и огнот. Во оваа студија истражувачите користеле извештаи…

ПОВЕЌЕ ...

Вознемирувачките фотографии на кои се гледа преполовено маче опкружено со сатанистички пораки напишани на улица во населбата Драчево, претставува прв забележан случај на крвна жртва во Македонија. Случајот ја разбрани јавноста, но и црквата, од каде велат дека оваа морбидна случка е само продолжение на дејствувањето на организирана група, коja пред неколку дена осквернави неколку цркви во Скопје со графити со сатанистичка содржина. Црковните претставници стравуваат дека ваквите дејствија може да ги извршува озлогласената секта Црна Ружа, која веќе 15-ина години не е забележана во земјава. Според информациите, групата е една од најопасните секти во светот и често се поврзува…

ПОВЕЌЕ ...

Кој нема да стане за време на интонирањето на црногорската химна ќе плати казна од 300 до 2.000 евра, се предвидува во новиот закон за државни симболи кој денеска беше усвоен од црногорската влада. Со законот исто така се воведува обврска до локалните самоуправи и јавните установи постојано да се вее државното знаме на објектите во кои се сместени.

ПОВЕЌЕ ...

„Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето“. Градоначалничката Соња Стаменкова денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈОУДГ „Бамби“.…

ПОВЕЌЕ ...

Четири малолетни ученици за време на малиот одмор ја фатиле за нозе нивната 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот што се наоѓал на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди, а настанот кој се случил во основно училиште во населбата Аеродром, во полициска станица го пријавил нејзиниот родител. За жал ова е само едно од низата насилни сценарија во основните и средни училишта, кои покажуваат дека аларматни податоците за насилство меѓу врсниците. „Во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници ученици во училиштето фатиле…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 02.10.2018 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека: „започнуваат градежните активности за реконструкција и доизградба на улицата „Вера Јоциќ“ која е дел од централното градско подрачје. Улицата „Вера Јоциќ“ е со должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри. Вредноста на договорените градежни активности за изградба на улица „Вера Јоциќ изнесува 8.798.351 денари, а изведувач е „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип. Во склоп на потребните градежни активности моментално се врши отстранување на постоечкиот дотраен асфалтен слој. Следува поставување на нов тампон и асфалтен слој на целата должина од улицата“. Со ова, како што изјавија од…

ПОВЕЌЕ ...

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на Повикот за пријавување на групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга. Генерална цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфична цел на поддршката е зголемена  продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка на соработка меѓу земјоделците за формирање на нови земјоделски задруги. Право на учество имаат групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга. Рок за доставување на пријавите е 30.10.2018 г. до 16:00 часот. Инструкциите и обрасците за…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 степени. Во Македонска Каменица слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во…

ПОВЕЌЕ ...