Македонска Каменица 02.10.2018 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека: „започнуваат градежните активности за реконструкција и доизградба на улицата „Вера Јоциќ“ која е дел од централното градско подрачје. Улицата „Вера Јоциќ“ е со должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри. Вредноста на договорените градежни активности за изградба на улица „Вера Јоциќ изнесува 8.798.351 денари, а изведувач е „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип. Во склоп на потребните градежни активности моментално се врши отстранување на постоечкиот дотраен асфалтен слој. Следува поставување на нов тампон и асфалтен слој на целата должина од улицата“.

Со ова, како што изјавија од општина Македонска Каменица трајно ќе биде решен овој инфраструктурен проблем на жителите од овој дел на градот и ќе им се овозможи полесен пристап до нивните домовите со продолжувањето на улицата и нејзино поврзување со ул. Каменичка.
Воедно, од општината ги известуваат граѓаните на Македонска Каменица дека: Во моментов заради вршењето на интензивни градежни активности од страна на фирмата изведувач „Вера Јоциќ“ не е проодна улица за сообраќај.

