Author: Media Point
Купуваат овошје и зеленчук, други прехранбени производи, но и овде ги средуваат забите, фризурите, седнуваат во кафеана. Сабота е ден кога Делчево станува претесено за жителите на бугарскиот град Благоевград, но и Софија. Како Гевгелија на југот, која ги пречекува Грците од северниот дел на Грција. Се наоѓаат на 15 километри оддалеченост и ако порано Македонците полнеле автомобили во Бугарија сега тоа е обратно. Практиката почнала од поодамна, но сега добива на интензитет. Тезгите се поставени уште во 9 часот „За нас е добро што нема европски стандарди и забрани. Луѓето тука не се богати, но и не се посиромашни…
Малолетник од Кочани удрен со автомобил во во училишен двор. Инцидентот се случил за време на големиот одмот кога лице на 18 години удрил со автомобилот во ученик на возраст од 15 години, а потоа побегнал. Случајот во полиција го пријавил вработен во училиштето, а по некоа време возачот на автомобилот сам се пријавил во полицијата. Повредениот ученик е пренесен во кочанската болница каде му се констатирани повреди, но опасност по неговиот живот нема. Се утврдуваат околностите под кои се случила несреќата , по што се најува и привајава против 18-годишниот возач.
Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО – ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот, со изјава поднесена до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, истапи од коалицијата на локално ниво. Во изјавата Стоиловски потенцираше дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник. Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет кој ја напушта опозициската коалиција предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Пред два месеци, советникот од ВМРО НП, Николчо Ситновски , исто така, ја напушти коалиција. Распоредот на силите во Советот од денеска се :…
Македонска Каменица 09.10.2018 година – Во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица, денес се оддржа „Промоција на Македонија 2025“ како организација која го помага развојот на економијата во Македонија. Пред голем број стопанственици и претставници на фирми од регионот говореа Билјана Марковиќ, директорка на Македонија 2025, градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Никола Ќурчиски, претставник на Македонија 2025. Во текот на работниот дел, од страна на директорката Билјана Марковиќ беа презентирани насоките на дејствување на организацијата. Придобивките и можностите за развој на компаниите, преку воведување на западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики. Ја објасни…
Потребен ви е кофеин наутро за да можете да функционирате? Не сте единствени. Според една студија, 65 отсто од Американците пијат кафе секој ден, а повеќе од 85 отсто го пијат редовно. Но, според Си-ен-би-си, има одредено време од денот кога треба да пиете кафе за да ги почувствувате најдобрите резултати.Според Лаура Сипуло, диететичар, пиењето кафе веднаш штом ќе се разбудите може да предизвика напнатост. „Слаткото време“, како што вели таа, е неколку часа подоцна. Кога ќе се разбудите, вашето тело е полно со хормонот на стресот – кортизол, кој секако може да направи да се чувствувате вознемирено. Додавањето кофеин…
Мост во северна Турција, стар 300 години, исчезна без трага, а сомнежите на локалните власти говорат дека е украден постепено и тивко, „камен по камен“, објави „Хуриет дејли њуз”. Жители на селото Арсланџа во округот Ѓумушхане, забележале дека мостот, којшто тие и онака ретко го користат, го нема. Прво, тие мислеле дека тој бил уништен во неодамнешните поројни дождови, но чудно е тоа што од мостот нема останато ни камче. Извештаите на властите говорат дека мостот сепак, е можно да е разурнат во поплавите што се случиле пред три месеци. (МИА)
Бугарската новинарка Викторија Маринова , која беше брутално убиена во сабота, во бугарскиот град Русе, најверојатно истражувала проневера на пари од европските фондови за изградба на патишта во Бугарија. Бугарските медиуми известуваат дека нејзината последна емисија емитувана на 30 септември ,,Детектор“, била посветена на тоа прашање, а гости и биле колегите, бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија. Стојанов и Биро беа упасени минатиот месец од бугарската полиција во близина на Софија поради тоа истражувале уништување на документи кои откриваат корумпирани практики од страна на приватна компанија…
Најголемата пирамида во Гиза е Кеопсовата, која е висока 146 метри. Благодарение на Би-би-си и нивната 3Д-снимка, имаме можност да погледнеме како оваа пирамида изгледа однатре. Во пирамидата има скриени премини и простории. Големата пирамида во античко време се сметала за едно од седумте светски чуда, а е изградена во текот на периодот на владеењето на фараонот Кеопс, помеѓу 2509 и 2483 година пред Христос. Она што уште од порано им е познато на научниците и на јавноста е постоењето на три големи комори, ходници и многубројни премини. Најпозната е Големата галерија, која е долга 47, а висока 8 метри.…
Поради сообраќајна несреќа од 18.45 часот, во прекин е сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, соопшти АМСМ. Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Честитка по повод Светскиот ден на учителот до просветните работници, денес преку социјалните мрежи упати и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Текстот од честитката ви го пренесуваме во целост: Почитувани учители, Од мое лично име, од името на Советот на Општината и од името на сите граѓани на Македонска Каменица, дозволете ми да Ви го честитатм 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите. Денес сите ние ја прославуваме Ваша одданост и верност, вашата љубов и животно мото, да се образува и воспитува, да се гради иднината. Во понатамошниот период Ви посакувам уште поголеми резултати, успеси и просперитет…
