Author: Media Point
До 15 октомври е отворен огласот за развој на земјоделските задруги. Истиот е дел од проектот финансиран од Европската Унија, кој предвидува грант од скоро еден милион евра за зајакнување на постојните или формирање нови земјоделски задруги. Селекцијата ќе се прави по пат на 3 огласи. На првот ќе бидат избрани 24 земјоделски задруги, кои ќе добијат техничка поддршка за подготовка на нацрт-бизнис план за развој. На вториот треба да бидат избрани 16 задруги кои ќе добијат помош за изготвување на конечен бизнис-план, а на третиот повик ќе се одберат 8 задруги кои ќе добијат финансиска и техничка поддршка за…
Второнаградената приказна од третиот конкурс за граѓанско новинарство во организација на МЦМС и Телма е на авторот Дарко Гоцевски за „Сиромаштијата во измачените лица на чесните граѓани на мојата напатена татковина“. Тој ни ја претставува приказната за потрагата по пристоен дом и малку поинаков живот на едно семејство во Македонска Каменица. „Петчленото семејство Спасевски живее во една соба. Главата на семејството, вредниот комунален работник Стојан секој ден станува со мислата како ќе го издржи овој ден, како ќе го заврши овој месец.“ Прочитајте ја целата сторија: СИРОМАШТИЈАТА ВО ИЗМАЧЕНИТЕ ЛИЦА НА ЧЕСНИТЕ ГРАЃАНИ НА МОЈАТА НАПАТЕНА ТАТКОВИНА Години и векови…
Од денеска започнува поднесувањето на барања за добивање на субвенции за трета фаза произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Исто така, на 5- ти ноември 2018 година завршува и рокот за поднесување на барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за…
Полицијата пронајде дрога кај наставник од Делчево. Од денес, лицето е во притвор од 30 дена: „На 10.октомври извршен е претрес во домот, помошните простории и двата автомобила на лицето и пронајдени и одземени се 820 грама марихуана, неколку семки од канабис и гранки од истото растение. Лицето е приведено, а по наредба на истражен судија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена“, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Во Германија е во последна фаза донесувањето на новиот закон со кој на странците треба да им се олесни вработувањето во земјата. Причината е едноставна- Германија старее, а стотици илјади работни места зјаат празни. Владата планира со новиот закон да регрутира квалификувани и обучени работници од странство. Законот треба да го олесни доаѓањето на странски работници во Германија. На Германија ѝ се потребни 440 илјади обучени работници секоја година за да ја пополни празнината која се создава поради нискиот наталитет во земјата. Досега, вработувањето во Германија не беше проблем за државјаните на земјите-членки на ЕУ, но со проблеми се соочуваа сите останати странци,…
Тешка сообраќајка се случи во Австрија на автопатот Линц. Во сообраќајката учествувале македонски автобус и товарен камион. Во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и 6 лица се полесно повредени, соопштуваат од МНР за Пресс24 . Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот. Засега е потврден само бројот на повредените, но не и деталите како дошло до несреќата и која компанија ги превезувала патниците. Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил…
Македонска Каменица 11.10.2018 година – Почитувајќи ја историјата и нејзините придобивки градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со своја делегација положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ во нашиот град. На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на Македонија, свежо цвеќе положија и претставни од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од политичките партии во Македонска Каменица. Делегација предводена од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, положи свежо цвеќе на вечното…
Македонска Каменица 10.10.2018 година – Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица денес ја спроведоа кампањата „Светски ден на велосипедизмот“ под мотото „Сите на Велосипед“. Учениците во овој Еко Проект земаа учество со свои велисипеди, при што на секој велосипед имаше залепено парола „Вози велосипед да бидеш здрав како дрен“, „За да бидеш здрав како дрен вози секој ден“ , “До здравје со велосипед” итн. Во акцијата учествуваа 46 ученици во придружба на наставникот по физичко и здравствено образование Сашо Мицевски. Учесниците во кампањата, обезбедувани од полицијата возеа по улиците од центарот на градот и назад до училиштето. Во оваа…
Комињето од ракијата ја затна канализацијата во Делчево. Во екот на варењето на ракија, несовесни и неодговорни, отпадот од овошјето, одлучиле да го истурат во канализационите шахти, констатирале инспекторите: „Знаеме дека Пијанец е регион во кој во овој период изразена е појавата на варење ракија. Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат…
Раководителите на подрачните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за рурален развој на работна средба во Македонска Каменица ги информираа земјоделците за програмата “Млад земјоделец” и останатите мерки кои Влада на Република Македонија ги нуди за развој на земјоделието. Сите земјоделци кои сакаат да аплицираат за средства од оваа програма како што истакна претставникот на МЗШВ, Илија Каранфиловски, треба да бидат на возраст од 18-40 години и да бидат запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства. -Еден од условите да се земат средства од тие фондови потребно е да имате регистри отворени во Министерството…
