Author: Media Point

Македонска Каменица, 17.10.2018 година – Спортската сала ќе биде претесна да ги собере сите љубители на кошарката од Македонска Каменица кои оваа сабота со почеток од 14 часот ќе имат можност да го следат првиот прволигашки натпревар во кошарка за жени, одигран во својот град. ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го пречекува ЖКК Клубски Патриот од соседно Делчево. Се очекува интересен натпревар, во кои домаќините се благи фаворити, според прикажаната игра и резултати од минатонеделното прво коло. Баскет Кам го победи фаворизираниот и силен Гостивар на гости, а делчевки заработија очекуван и катастрофален пораз на домашен терен од Вардар. Девојките…

ПОВЕЌЕ ...

Со регистрација на возило ќе се добива и зелен картон – ќе има и промена на цената Зелената карта ќе се спои со полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возило, вели првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. Ова ќе произлезе од потребата и Македонија да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон за оваа област. Во интервју за МИА, Попоски вели дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.…

ПОВЕЌЕ ...

Се известуваат произвоителите на млеко од општина Македонска Каменица и Делчево дека пријавувањето на млеко „трета фаза“ 2018 (мај, јуни,јули, август и септември) е во тек и ќе трае ддо 05.11.2018 година. Пријавувањето е во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Делчево. Производителите е потребно да ги приложат следните документи: оригинални откупни белешки ПБО лична карта

ПОВЕЌЕ ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на здрава храна, денеска со поддршка на општина Македонска Каменица и Министерството за труд и социјална политика, во објектите на ЈОУДГ „Бамби“, се одржаа повеќе работилници во кои покрај децата беа вклучени и нивните негователи- воспитувачи. Целта на работилниците беше поорганизирано и поодговорно да се пристапува кон афирмација на процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна. -Комбинацијата на здрава храна, одгледување на зеленчуци во органските градини, вклучување на родителите во едукацијата за важноста на здравата храна во детските градинки, претставува интегрален пристап кој влијае на перцепцијата на децата за здравата храна, беше речено…

ПОВЕЌЕ ...

Се известуваат корисниците на водоводната мрежа, дека денес 15.10.2018 година после 11:00 часот, поради дефект на главната водоводна линија на излезот од градскиот базен за водоснабдување, вода за пиење нема да имаат жителите на општина Македонска Каменица. Водоводната мрежа ќе биде пуштена во употреба веднаш по замената на цевката и одстранувањето на дефектот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 15.10.2018 година – Во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 17 до 28 степени. Во Македонска Каменица и околината слично време со температура до 25 степени.

ПОВЕЌЕ ...

ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица со победа во гости ја започна својата прва сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија (Жени). Во денешното прво коло, со високи 51:76 го совлада ГКК Гостивар, во натпревар на кој потполна доминација на теренот, контрола на резултатот и играта имаа девојчињата од Македонска Каменица. На денешниот натпревар најпрецизна во редовите на ЖКК Баскет Кам беше Бојана Попова со 27 постигнати поени, државната репрезентативка до 18 години Сара Спировска одигра одличен натпревар во кој постигна 19 поени и Моника Зафировска со 14 поени. Денешниов натпревар покажува дека трудот вложен во напорното и систематски правилно…

ПОВЕЌЕ ...

Традиционалната храмова слава и народниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера по повод христијанскиот празник “Покров на Пресвета Богородица” ги собра верниците кај манастирот кој го носи името на мајката Божја и се слави секоја година на 14 октомври. Како што велат организаторите овој собир е еден од најстарите и традиционалните во село Цера. Собирот е во организација на жителите од селото, но и здружението на граѓани “Еленец“ од село Цера. Како што раскажуваат мештаните легендата за манастирот “Покров на Пресвета Богородица” датира од римско време. -Постојат податоци уште од римско време кои велат дека верниците доаѓале местото…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16 и 64/18) и Решение за распишување Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година бр. од , Министерството за образование и наука распишува. КОНКУРС за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка…

ПОВЕЌЕ ...

Една од најпознатите југословенски актерки Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години по тешко боледување, потврди Здружението на драмски уметници. Родена на 5 октомври 1940 година, Дравиќ важеше за една од најголемите филмски диви во поранешната држава, остварувајќи повеќе од 150 улоги, а најголемата популарност ѝ донесе партнерството со Љубиша Самарџиќ. Милена Дравиќ се појави на филм во 1959 година и потоа играше и во театар и на телевизија.Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула,…

ПОВЕЌЕ ...