Author: Media Point

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними својата прва соло песна во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон. Песната се вика „We are blood“ и Кристијан ќе ја изеде на концертот во чест на Тоше кој ќе се одржи на втори ноември во арена Борис „Трајковски“. Кристијан денеска објави дел од спотот на својот Фејсбук профил.

ПОВЕЌЕ ...

Како дел од третото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија – мажи, екипата на КК Баскет Кам од Македонска Каменица извојува значајна и убедлива победа на гости во Скопје, против екипата на КК Лирија. Во текот на целиот натпревар кој заврши со 64:77, КК Баскет Кам држеше високо ниво на дисциплина во одбраната, додека играта во напад се темелеше на сигурни додавања со ефективни завршници. Најпрецизен во екипата на КК Баскет Кам беше Александар Тодоровски со 22 поени, додека Дарко Гоцевски нанижа 16, Борјан Панов 15 и Роберт Стојанов 13 поени. Следното четврто коло КК Баскет Кам го…

ПОВЕЌЕ ...

Заврши натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица и ЖКК Бадел1862 од Скопје, дел од третото коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија. Кошаркарките на Бадел 1862 целиот натпревар го одиграа супериорно, во ниеден момент не им дозволија на каменичанки резултатски да им се приближат. Ако во минатото коло ЖКК Баскет Кам се поигруваше со противникот од Делчево, ЖКК Клубски Патриот со кој одигра 73:37, денес каменичанки се најдоа на другата страна од резултатот. На домашен терен загубија со 57:88. ЖКК Бадел 1862 е екипа која повеќе од деценија е број еден во домашното првенство со…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во спортската сала во Македонска Каменица со почеток од 12 часот ќе се одигра третото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени). Жкк Баскет Кам го пречекува пресилниот Бадел 1862 од Скопје. Екипата на Бадел 1862 доминира повеќе од една деценија во женските кошаркарски првенства на Македонија . Девојките на ЖКК Баскет Кам се исправени пред вистински предизвик на денешниот натпревар. Ќе се борат против неприсниковените и фаворизирани кошаркарки од Скопје, кои во минатото коло успеаа да го совладаат фаворитот и директен конкурент за освојување на првото место од табелата, ЖКК Вардар. Очекуваме полни трибини и силна поддршка…

ПОВЕЌЕ ...

Во склад со своите овластувања општина Македонска Каменица продлжува со доуредувањето на Кеј на Каменичка Река. Во текот на наредните денови, започнувајќи од денес, ќе бидат поставени повеќе пешачки стази и додатна урбана опрема на двете страни од речното корито на Каменичка Река. Градежните активности ги изведува „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид  врз основа на Договорот за изведување на Бетонски работи и партерно уредување на површини на територијата на Општината. По завршувањето со изградба на пешачките стази, градежните активности продолжуваат со поставување на пешачка патека долж улицата пред Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и градскиот плоштад во Македонска Каменица. Со…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“. Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четири наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити. Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В.,…

ПОВЕЌЕ ...

Делчевски полицаец  претепал сограѓанин. Претепаниот Љ.Ф. го пријавил случајот во делчевската полициска станица. Немилиот настан се случил вчера попладне на пешачката патека во близина на село Звегор. Насилникот бил во цивилна облека. Одделот за внатрешни работи во МВР и Основен јавен обвинител во Делчево се известени за инцидентот. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Пожар пеплоса штала во близина на виничката филтер станица. По извршениот увид од страна на надлежните од виничката Полициска станица, утврдено е дека во пожарот настрадала стоката која не успеала да се спаси од огнените јазици. Изгореле, коњ, магаре и муле. Изгорената штала е сопственост на виничанецот А.А. Надлежните интензивно работат на откривање на причините за пожарот.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во Дом на култура во Македонска Каменица, се одржа ликовна галерија на која беа презентирани дела изработени од уметници, хумористи и сатиричари. На настанот, покрај градоначалникот на Македонска Каменица, присуствуваа културни и просветни работници, ученици од СОУ “Миле Јаневски Џингар” и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и љубители на хуморот и сатирата од нашиот град. Ликовната галерија беше во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, во рамки на годинешново издание на Меѓународниот фестивал “In Vinica Veritas”. Во склоп на настанот се одржа и промоција на книгата „Трагачи по парадокси”, дело на доајенот на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски.…

ПОВЕЌЕ ...

Со отворање изложба на карикатури на тема „Часовникот на судниот ден“, почна Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој одбележува 25 години од основањето. Меѓународното  жири одлучи првата награда годинава да му припадне на карикатуристот Муса Ѓумуш од Турција, втората на Олексиј Кустовски од Украина, а третонаграден е Амир Сохејли од Иран. На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, кој е организатор на манифестацијата, им беа доделени признанија на основачите на фестивалот. – Сакаме да им се заблагодариме на луѓето чија визија пред две и пол децении ја зачна идејата за овој фестивал и…

ПОВЕЌЕ ...