Author: Media Point
Македонска Каменица 06.11.2018 година – Најстариот жител на општина Македонска Каменица, Пракса Стојковска денес го прослави својот јубилеен 100-ти роденден. Пракса Стојковска родена во 1918 година, денес таа живее во село Дулица заедно со дел од своите синови, внуци и паравнуци. Денес, во домот на фамилија Стојковски беше приредена мала прослава на која присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа на својата најстара сограѓанка и посака многу здравје и уште многу радости во животот. На нејзината фамилија уште многу причини за славје, со желба да прослават уште многу родендени заедно.
Во изминативе четири години, речиси нема човек во земјава кој не слушнал за Бошко Стаменковски, шампионот во пауерлифтинг, кој од секое светско првенство или натпревар на Македонија и донесе злато или пак други вредни награди и признанија. Тој е идол на многу млади спортисти, кои не ретко од него бараат совети како да ги обликуваат мускулите, со какви вежби и начин на исхрана да дојдат до посакуваните резултати, и која е формулата за успех, заслужна за континуираните високи резултати, кои Стаменковски ги постигнува на секое натпреварување. Сепак, шампионот од Македонска Каменица, за ,,Фокус” открива дека тој не изгледал секогаш вака,…
15 издавачки куќи се дел од 13-иот Саем на книга, во организација на кочанската библиотека „Искра“. На истиот, се нудат околу 1.300 различни наслови, а за продажба се спреми околу 5.000 примероци од истите : „Интересот за саемот во нашиот град е голем, уште пред да се отвори прашуваа кога ќе биде. Имаме најавено посета од повеќе основни училишта“, кажа Марија Анастасова, библиотекар. На Саемот се нуди литература за сечиј вкус, но и за секоја возраст : „Има книги за возрасни, психолошки книги, нудиме и романи, а секако нудиме и детска литература“, вели Олгица Захариева, извавачка куќа Топер. „Нашата палета…
Виница се соочува со масовна миграција на населението, кое на ниво на целата општина сега е преполовено. Повеќе градови во Источна Македонија, како Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, но и поголемите Кочани и Штип, остануваат без лекари, но и без професори, кои заминале или се подготвуваат да живеат во странство. Но, најспецифична е Општина Виница, која од поранешните 20.000 жители буквално се преполови. Здравствениот дом во Виница е без педијатар, но и без други специјалистички кадри. Неколкумина доктори се со општа пракса. Цела општина ја покриваат десетина доктори и неколкумина кои имаат свои приватни ординации. Директорот на Здравствениот дом, Венко…
Ова е сликата која стана вистински хит на социјалните мрежи. Според тврдењата, апаратот за кафе е поставен во Кавадарци. Од причина што ракијата е меѓу омилените пијалоци на македонскиот народ и ја конзумира буквално секој и мажи и жени, кој да се опушти кој од здравствени причини, во продолжение ви претставуваме неколку здравствени предности кои ќе ви ги донесе ракијата, секако доколку не се претерува со количината. Го продолжува животниот век Преголема количина на ракија, а и не било кој алкохол дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи. Ослободува од стресот Доколку…
На граничниот премин Комо Брогеда (Como Brogeda),на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин. Македонскиот државјанин,чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија. При конрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил. Одземени се и возилото,како и два мобилни телефона. Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога. Под ова обвинение му…
Осум од десет родители во Македонија применуваат насилни методи за да ги дисциплинираат децата, без разлика дали станува збор за физичко или психолошко насилство. Тоа може да има големо негативно влијание врз нивниот психички, физички, социјален и емотивен развој. Затоа во Македонија почнува кампања „и родителството се учи“ со цел, да влијае врз ваквите состојби, да укаже на последиците од насилното однесување кон децата, оти има и друг начин на родителско однесување, но и да им понуди поддршка на радителите за одговорно родителство. Кампањата се спроведува со поддршка на Европската Унија и УНИЦЕФ.
Од крајот на Втората светска војна наваму, името Адолф станува сѐ помалку користено, што речиси и нема веќе луѓе кои се викаат така, покажуваат статистичките податоци. Во изминативе 33 години речиси и нема луѓе кои го добиле ова име. Истражувањето поттикато од филмот „ What’s in a Name?“ од 2012 година во кој еден брачен пар сака да му го даде името Адолф на своето дете, покажа дека името на нацистичкиот лидер Хитлер станало непожелно во Австрија. Пред околу 70 години, името Адолф било високо рангирано на листата најомилени имиња, денес воопшто не доаѓа предвид. Во 1984 година само 11…
Успешен викенд за девојките од КК Баскет Кам Вчера се одигра 4. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени), во кое ЖКК Баскет Кам успеа убедливо да го совлада ЖКК Шкупи Скопје. Натпреварот во скопски Чаир кој заврши со 42:56 ги зацврсти каменичанки на третото место од табелата со три победи и еден пораз. Наредното коло на 24 Ноември ЖКК Баскет Кам гостува во Битола каде против четвртопласираниот ЖКК Пелистер ги очекува тежок натпревар пред полна сала. Денес во рамки на Младинската женска кошаркарска лига на Македонија во М-18 категорија КК Баскет Кам, иако ослабен со отсуството на две…
Владата воведува прогресивен данок. Од наредната година граѓаните со месечен приход над 1.500 евра ќе плаќаат 18 проценти персоналец. Тие кои од плата, авторски договори, хонорари, остваруваат месечен приход над 90.000 денари ќе плаќаат 18 проценти персоналец, но само за сумата која е над оваа граница. Додека тие кои имаат капиталните приходи, како приходи од кирии, дивиденди, капитални добивки, игри на среќа ќе плаќаат 15 проценти данок на приход. Најавеното даночување пак на каматите од депозитите, се одложува за во 2020 година. „Ефектите од промените се такви што бруто плата од 140 000 денари месечно која моментално е еднаква 92…
