Author: Media Point

Во рамки на 5. Коло од Втората македонска кошаркарска лига, екипата на КК Баскет Кам гостуваше во Куманово, каде одигра одличен натпревар против Милановски – Куманово. Огромната победа на каменичкиот клуб од 77 : 100 поени беше резултат на одличната тимска игра и незапирливиот на теренот, Александар Тодоровски. Со постигнати 33 поени Тодоровски успеа да внесе нервоза кај противникот, а сигурност кај своите соиграчи. Дарко Гоцевски постигна 18 поени, а Роберт Стојанов 17 поени. Во петок, младинската екипа М-18 категорија на ЖКК Баскет Кам гостуваше во Скопје. Четвртото коло од младинската лига го одигра против Пантери Скопје, каде успеа да…

ПОВЕЌЕ ...

Од општина Македонска Каменица изјавуваат дека продолжуваат со своите заложби за подобрување на условите за поквалитетен и подобар живот на жителите од селските и приградски средини. За таа цел, во текот на изминатите денови беа асфалтирани повеќе пристапни патишта во Павлишдолско маало, со вкупна должина од 110 метри или вкупно 400 m2 асфалт. Вкупната вредност на проектот е 2.150 835 денари, а изведувач на активностите е “Коле Транс Инжинеринг” ДОО Штип.

ПОВЕЌЕ ...

БОГАТ ФУДБАЛСКО-МЛАДИНСКИ ВИКЕНД ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ПИОНЕРИТЕ И ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ ГО ДОЧЕКУВААТ ТИКВЕШ. НАДЕЖИТЕ ОД ДЕТСКАТА ЛИГА ИСТОК ГО ДОЧЕКУВААТ ФК МЛАДОСТ-ТОШЕВ Распоред на натпревари : САБОТА, 10.11.2018 ГОДИНА Помлади пионери : ФК Каменица Саса – ФК Тиквеш 11:00 часот Пионери : ФК Каменица Саса – ФК Тиквеш 13:00 часот НЕДЕЛА 11.11.2018 ГОДИНА (ДЕТСКА ЛИГА) У-8 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев У-10 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев У-12 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев Натпреварите започнуваат во 10:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

50-тина пензионери од регионот, од кои најмалку 20 од Штип,  месецов останаа без пензии. Станува збор за лица, главно постари од 80 години кои не ги добиле парите од државата кои по закон им следуваат. Без пари тие останале, зашто на државата не ѝ докажале дека се живи. Имено, колку и да звучи апсурдно, пензионерите се должни, доколку Фондот утврди потреба за тоа, да достават т.н. „потврда за живот“. Станува збор за законска обврска која е воведена во 2012 година, а е регулирана со член 141 став 3 од Законот за ПИОМ. Истиот тогаш беше воведен под образложение дека на…

ПОВЕЌЕ ...

Шоуменот Игор Џамбазов денеска е итно однесен во болница. Игор, наводно е хоспитализиран затоа што влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“. Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор, пишува порталот ИнфоПлус

ПОВЕЌЕ ...

„Во прв момент ми се чинеше дека врз мене паднаа илјада килограми. Ова е мојата прва повреда во кариерата, и за жал, тешка”, рече Мицевски. Една година подоцна Мицевски играч, но сеуште не е 100% подготвен. Пред почетокот на сезоната тој ја нагласи потребата за операција, но изненади кога се појави во дресот во првиот натпревар од оваа сезона против Вргорац, и интересно, и не само што беше во тимот, туку и постигна гол за водство 1:0. И понатаму настапуваше на наредните дуели, а во последниот против Брод 035 имаше одлично прво полувреме, еднаш асистираше и двапати се запиша…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се очекува и зголемена облачност, претпладне претежно во јужните и југозападните делови каде ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

ПОВЕЌЕ ...

Домаќинствата и малите фирми во иднина ќе можат да бидат не само потрошувачи, туку и произведувачи на електрична енергија. Министерството за економија ги подготви уредбата и правилникот за обновливи извори, како подзаконски акти на новиот Закон за енергетика, што беше донесен во мај годинава. Со нив, ќе се овозможи физички и правни лица да инвестираат на своите приватни или деловни објекти во фотоволтаици и да произведуваат енергија за своите потреби, а вишокот енергија може да го продаваат на слободен пазар. Новите акти предвидуваат и распишување аукции на кои ќе може да учествува секој потенцијален инвеститор на фотоволтаици и ветерни централи,…

ПОВЕЌЕ ...

САНАЦИЈА НА ЗАХВАТ ЗА ВОДА ,,КИТКА” Општина Македонска Каменица во рамките на своите овластувања и планирани програмски активности константно работи на одржување на системите за вода, со цел сите граѓани во општината постојано да имаат чиста вода за пиење. ЈП Камена Река како изведувач на активностите во изминативе три дена работеше на санација на захват за вода “Китка”. Извршено е комплетно чистење од наноси низводно и на самиот захват како и комплетна замена на филтерскиот слој. Со што во иднина граѓаните кои се опслужуваат со вода за пиење од овој захват ќе добијат почиста и поквалитетна вода за пиење. Наредна…

ПОВЕЌЕ ...

Со панел-дискусии посветени на образование, лидерство и успешни македонски стратапи во светот, денеска започна седмото издание на Самитот Македонија2025. Во текот на наредните два дена, повеќе од 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри, вештачка интелегенција и многу други. „Целта на Самитот е да се стимулира соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава го потврдивме учеството на повеќе од 60 врвни говорници од преку 20…

ПОВЕЌЕ ...