Author: Media Point

Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на дигиталната технологија на младите информатичари им ја открија тајната на презентациите, иднината на криптовалутите, роботиката и пријателите за подобра иднина, се демонстрираа 3д-печатачите, а се реализираше и натпревар по роботика, а најдобрите ќе добијат и медали како симболична награда. Семинарот за роботика е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ со поддршка на Општина Делчево. Живко Костуров проектен менаџер во Фондацијата „Бугарско сеќавање“ истакна дека во последните 11 години на семинарите се…

ПОВЕЌЕ ...

По пауза од десетина години Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево во соработка со општина Делчево денес организираше Саем на стари занаети. На саемот учествуваа занаетчии кои во својата работа не користат современи алатки и машини, туку нивната изработка е рачна, а дејствуваат на териоторијата на Делчево и Македонска Каменица.   -Изработката на тапан претставува долг процес. Јас произведувам тапани исклучиво од ореово дрво. Кожите кои се потребни за квалитетен тапан ги набавуваме од Куманово, останатото е наше рачно производство. Со овој занает се занимаваме во последните повеќе од 10 години, а дејноста ја започнавме благодарение…

ПОВЕЌЕ ...

Еден милион евра грантови нуди Фондот за иновации за малите бизниси, односно за новоосновани трговски друштва. Овие пари се наменети за активности за истражување, развој на пилот линии, активности за тестирање, дизајн и слично. Максимален износ со кој може да се финансира еден проект е до 30.000 евра : „Право на апликација на овој јавен повик имаат новооснованим микро,мали и средни претпријатија не постари од шест години. Кофинансирачките грантови се најмногу до 85% кои ги финансира фондот, а 15% дава апликантот“, објасни Бранислав Марковски, Фонд за иновации. Јавниов повик за аплицирање е распишан на 22-ри октомври, а ќе трае до…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 14.11.2018 година – Во завршна фаза се интензивните градежни активности поврзани со изградбата на улица Вера Јоциќ во Македонска Каменица. Дел од улицата Вера јоциќ со вкупна должина од 471 метар се реконструира, каде ќе биде поставен нов тампон и асфалт, а на останатиот дел од истата станува збор за нова улица. Во тек е финалната фаза од потребните подготвителни подземни градежни активности и поврзувањето на атмосферската каназилација долж улицата. Веднаш по завршувањето на поврзувањето фирмата изведувач Коле транс Инжинеринг од Штип ќе продолжи со потребното тампонирање и припреми за асфалтирање на улицата Вера јоциќ. Како што и порано…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 14.11.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со градежни активности за уредување на нов паркинг простор и пристапните патеки до стамбените објекти на новата улицата Пере Тошев. Вкупна квадратура на просторот уреден со бехатон плочки ќе биде 350 метри квадратни. Со тоа се добиваат над 20 уредени паркинг места и пристапни патеки со ширина од 4 метри до влезовите на околните згради. Просторот додатно ќе биде уреден со урбана опрема, клупи, улично осветлување (канделабри), корпи за отпадоци, пешачки патеки околу стамбените објекти и до детското игралиште кое се наоѓа во непосредна близина. Изведувач на активностите во склоп на договорот…

ПОВЕЌЕ ...

Бојана Попова, играч на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица е дел од сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Ова е уште еден доказ дека ЖКК Баскет Кам прераснува во клуб- расадник на млади таленти, како и огромен успех за Македонска Каменица како град кој интензивно вложува во развојот на кошаркарата и останатите спортови кај младата популација. 16 годишната Бојана Попова ја бележи четвртата сезона во редовите на својот клуб, со просек од 21 кош по натпревар е стандарден првотимец на центарската позиција во тимот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Дел е од составот кој играше финале на Ф4…

ПОВЕЌЕ ...

Пишува: Игор Манасиевски Загадувањето од чадот се шири со километри оставајќи ги да се гушат соседите во и онака загадениот воздух каде ваквите дополнителни извори се капак на се. Ваквиот пример на несовесен сосед кој си го пали ѓубриштето е само еден од многуте за кој граѓаните не знаат каде да се обратат за надлежните да преземат мерки и загадувачот да биде соодветно санкциониран. За тоа каде да се обратат граѓаните став побаравме и од државниот инспекторат за животна средина од каде ни посочија дека треба граѓаните да побараат на интернет телефонски контакти од инспектори кои се во рамките на…

ПОВЕЌЕ ...

Бел тартуф од 850 грама е продаден во Алба, во близина на Торино, за 85.000 евра, односно сто евра по грам. Тартуфот е продаден на купувач од Хонг Конг, чиј идентитет не е откриен. Алба секоја година, веќе 88 години, е домаќин на големиот саем на бел тартуф, на кој на аукција се продаваат тие ретки, миризливи печурки. Белиот тартуф од Алба се ископува од 21 септември до 31 јануари. – Тартуфот има карактеристичен силен мирис, кој потсетува на романтични средби, на шума, природа, што е особено предизвикувачко, изјави претседателот на италијанскиот Центар за истражување тартуфи Антонио Деџакоми. Тој додаде…

ПОВЕЌЕ ...

Според регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија која е задолжена за конверзија на светските проценти во наши, од утре за нафтените деривати ќе плаќаме во просек за 5,54% помалку. Така, заради намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 9,06% и референтните цени на дериватите – на бензинот во просек за 8,33% а на дизелот за 3,66%, и покрај поскапувањето на доларот за 0,214% цената на еуросупер БС-95 се намалува за 4,50 денари за литар во однос на досегашната, онаа на еуросупер БС-98 за 4, а на Еуродизел Д-Е V за…

ПОВЕЌЕ ...

Нашиот сограѓанин, Оливер Васевски асистент за промоција, гостуваше во емисијата „Урбан Таг“ на ТВ 21, каде што ги претстави Светските обединети колеџи и ги објасни правилата за аплицирање. Погледнете го видеото од гостувањето на Оливер Васевски во “Урбан Таг” на ТВ 21: https://m.youtube.com/watch?fbclid=IwAR3j4Tj61k-ER_yNY3-eDeV4-T-kpdry2XQ2JnL3GmFp_8dFsF3YSSvasW8&v=8gy3usck21A&feature=share Рокот за поднесување апликација е 1 декември! Доколку сте втора или трета година средно, не пропушајте ја приликата да бидете еден од деветте ученици од Македонија на UWC во генерацијата 2019-2021 година! Упатство за аплицирање: https://drive.google.com/file/d/1iZiWOUI9oagGOgiUjDDjnVw114jZjN56/view

ПОВЕЌЕ ...