Author: Media Point
Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Државниот инспекторат за земјоделство ги направи сите проверки на пунктовите. Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој денеска од Прилеп…
Предупредување до возачите кои сообраќаат на патниот правец Каменица – Кочани. На повеќе места долж коловозот постои опасност од одрони. Особено во близина на браната Калиманци (100 метри после браната кон Кочани) каде огоромни камени одрони се наоѓаат на коловозните ленти на двете страни од патот. Потребна е итна интервенција на Македонија Пат, како и асистенција на МВР за обезбедување на критичните места, со цел да се спречат несакани последици по возачите и патниците кои патуваат вечерва на овој патен правец.
Фолклорната група „Копачка“, една од најстарите во Македонија, формирана во 1948, една година пред „Танец“, деновиве со богата програма го одбележува седумдеценискиот јубилеј, период во кој, презентирајќи го македонскиот фолклор, освои многу признанија во земјата и во странство, а круна беше впишувањето пред четири години на репрзентативната листа на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО на орото „Копачка“, според кое ансамблот и го носи името, и за чија афирмација и зачувување на автентичноста на ова и понатаму живо оро меѓу народот многу придонесе фолклорната група од делчевско Драмче Пишува: Љупчо Шатевски „Бев слушнал и знаев за нив, но тие драмчани,…
Македонска Каменица, 19.11.2018 година – Каменичани ќе имаат можност да проследат урнебеснен “Stand Up” настап на феноменалниот комичар Бојан Велевски. Перформансот се случува во Дом на култура со почеток од 19 часот во четврток на 22 Ноември, во организација на КИЦ Романса од Македонска Каменица. Билетите се пуштени во продажба и истите по цена 80 денари можат да се купат на билетарата во Дом на култура – Македонска Каменица.
Македонска Каменица 19.11.2018 година – Ученици од СОУ “Миле Јаневски Џингар” – Македонска Каменица, беа дел од семинар во организација на фондацијата “Бугарска памет” . Семинарот на кој учествуваа ученици од повеќе градови од Источна Македонија се одржа во Делчево на 16. Ноември о.г. На семинарот учениците се запознаа со практики од претприемаштвото и спознавање т.е практицирање високите технологии, при што беа активни во следењето на презентации и учествуваа во работилници на тема “Претприемништво и високи технологии. *текстот е преземен од официјалната фејсбук страна на училиштето Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица
Времето во Македонија во утринските часови ќе биде променливо облачно, во источните делови се уште со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност, а во вечерните часови од запад облачноста повторно ќе се зголеми и во западните делови ќе има повремен дожд. Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 14 степени. Во Каменица од 1 до 7 степени Целзиусови. Нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.
Околу 100 хектари горлив материјал изгоре во големиот пожар кој денеска избувна кај месноста ,,Полјаната” во Македонска Каменица. Како што информираше Малин Трајчевски, раководител на подрачната Територијална противожарна единица, екипи на противпожарната единица се уште се на терен заради обезбедување на опожарениот терен. – Во пожарот интервениравме со наша екипа на која во пресрет и излегоа вработените во јавното претпријатие „Камена Река“ и шумско стопанство „Голак”. Според слободна проценка пожарот ,,голтна” површина со околу 100 хектари горлив материјал, изјави Трајчевски. Како што истакна, поради обезбедување на теренот екипите на ТППЕ од Македонска Каменица се уште се на терен. Истрагата на…
Ботевград, 18.11.2018 година – КК Баскет Кам учествуваше на меѓународниот турнир за младинска кошарка во Ботевград, Бугарија. Во конкуренција на најсилните младински школи на Балканот нашите кошаркари успеаа да се вратат дома со бронзен медал за освоено трето место во конкуренција до 12 години. Баскет Кам и ФМП Скопје како мешана екипа од двата тима, натпреварувањето го започна во група со Левски од Софија и Вардар од Скопје. Со победата против КК Левски – Софија екипата составена од играчи до 12 години на КК Баскет Кам – Македонска Каменица и КК ФМП Скопје со 63:59 се пласираше во полуфиналето на овој…
Еве што објави ФК Каменица САСА на социјалните мрежи по денешниот неуспех на домашен терен против екипата на ФК Плачковица: ФК Каменица Саса уште еднаш ги разочара своите верни навивачи. Денес, ФК Каменица Саса беше тим без компас и покрај фактот дека играа со играч повеќе цело полувреме не успеа да ја совладаат екипата на Плачковица од Радовиш. ФК Каменица Саса потфрли на секој можен начин и за жал изгуби два “злато вредни” бодови во борбата за опстанок. ФК Каменица Саса : ФК Плачковица 0:0 Честитки до екипата на Плачковица за храбрата игра и безрезервната пожртвуваност. *изјавата во целост е…
Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на дигиталната технологија на младите информатичари им ја открија тајната на презентациите, иднината на криптовалутите, роботиката и пријателите за подобра иднина, се демонстрираа 3д-печатачите, а се реализираше и натпревар по роботика, а најдобрите ќе добијат и медали како симболична награда. Семинарот за роботика е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ со поддршка на Општина Делчево. Живко Костуров проектен менаџер во Фондацијата „Бугарско сеќавање“ истакна дека во последните 11 години на семинарите се…
