Author: Media Point

ДЕВОЈКИТЕ НА „БАСКЕТ КАМ“ ГО ПОБЕДИЈА ПЕЛИСТЕР НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН Македонска Каменица 25.11.2018 година – Женската екипа на „Баскет Кам“, денес, среде Битола го победи тимот на Пелистер, во рамки на Првата македонска кошаркарска лига. Конечен резултат на натпреварот 49:58. Можеме да кажеме дека оваа значајна победа на „Баскет Кам“ е извојувана благодарение на тимска игра и залагање на целата екипа. Најдобар стрелец во победничкиот тим е Сара Спировска со 21 постигнат поен. Ова е четврта победа за „Баскет Кам“ по пет одиграни кола, со што шансите за пласман на фајнал форот значително се зголемуваат.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 25.11.2018 година – Заврши дванаесетото коло од Првата фудбалска лига на Македонија (жени). Во Велес, екипите на ЖФК Борец Велес и ЖФК Каменица Саса одираа натпревар кој на девојките од Каменица им донесе нови три бодови на резултатското салдо. На натпреварот кој заврши со 0:5 за ЖФК Каменица Саса, по два гола во мрежата на Борец постигнаа Дајана Ристовска и Мила Талевска, додека Ана Димитровска постигна еден гол. Екипата на ЖФК Каменица Саса по 12 одиграни кола, се наоѓа на шестото место од табелата на Првата македонска фудбалска лига на Македонија, со освоени 21 бод. Во наредното 13. Коло, екипата на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24.11.2018 година – Спортска сала во Македонска Каменица. Петто коло од женската младинска кошаркарска лига на Македонија (М-18). Натпревар помеѓу девете непоразени и водечки екипи на табелата ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица и ЖКК Бадел – Скопје.  Тежок натпревар за игра со блага резултатска предност за домаќините. Првиот дел заврши со само 28:24, што кажува за тежината на натпреварот, израмнетоста по квалитет на екипите и борбеноста на играчите под кошевите. Можеме да кажеме дека во второто полувреме домаќините успеаа со рутинирана игра да го натераат моќниот и фаворизиран скопски противник да игра според каменички ноти. Резултатската предност…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица се одигра Првиот турнир од зонската лига во кошарка (машки) за основни училишта. На турнирот кој се одигра во спортската сала во Македонска Каменица учестуваа екипи од основните училишта во Кочани, Оризари и Македонска Каменица. На натпреварите од еднодневниот турнир беа постигнати следниве резултати: ОУ Св. Кирил и Методиј – Кочани  54 – 10  ОУ Крсте Петков Мисирков – Оризари ОУ Св. Кирил и Методиј – М. Каменица 15 – 39 ОУ Св. Кирил и Методиј – Кочани ОУ Крсте Петков Мисирков – Оризари 16 – 24 ОУ Св. Кирил и Методиј – М. Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 23. Ноември 2018 година – Денес во општина Македонска Каменица се одржува седмата Седница на Советот за развој на Источен плански регион (ИПР), на која ќе присуствуваат и Министерот за локална самоуправа, г-динот Сухејл Фазлиу и Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, г-дин Рамиз Реџепи. На оваа Седница на Советот за развој на ИПР покрај останатите точки од Дневниот ред, особено значајна е точката под која се разгледува и утврдува годишната листа на предлог проекти за развој на ИПР за 2019 година. Значаен дел од расправата зема и точката од Дневниот ред за Регионален третман на проблемот со…

ПОВЕЌЕ ...

Порталот пресцентр.мк објави две видео снимки од бивш јавен обвинител а сега адвокат како “позајмува” паричници од продавница.Порталот пишува дека снимките ги добиле од непознат во редакцијата.За штипјани не е проблем да го препознае лицето кое е љубител на паричници.

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Како што информира АМСМ, слаб дожд врне низ цела Македонија, а поради магла видливоста на повеќе патни правци е намалена до 50 метри. На некои патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на одрони. ЈП „Македонија пат“ чии екипи се постојано на терен и ги одржуваат патните правци, апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

ПОВЕЌЕ ...

Многумина се прашуваат дали треба да одат на тренинг кога се настинати или подобро е да почекаат да оздрават Колку пати ви се случило да се навикнете на тренинзите и одеднаш настинувате и не сте сигурни дали смеете да вежбате додека не оздравите? Според општото правило, ако симптомите на настинка се јавуваат во поблага варијанта (грло, нос, синуси) можете да вежбате, но ако имате проблеми со белите дробови, треба да ги одложите тренинзите додека не ви стане подобро. Помеѓу болестите со благи симптоми спаѓаат настинката, затнатиот нос и благото воспаление на грло. Примери на болести со посериозни симптоми: болка во градите, болка…

ПОВЕЌЕ ...

Има неколку многу лесни начини како да го продолжите животот на батеријата на вашиот паметен телефон, а голем број од нив се поврзани со начинот на кој го полните. Еве неколку. 1. Никогаш не полнете ја батеријата докрај Водете сметка за тоа батеријата секогаш да е полна меѓу 20 и 80 отсто. За ова можете да користите и софтвер кој ќе ве потсетува кога батеријата ќе дојде до 80 отсто. Кога ќе се случи тоа, тргнете го телефонот од полначот. 2. Поштедете ја батеријата од ноќното полнење Скратете го времето што го минува батеријата на сто отсто капацитет со тоа…

ПОВЕЌЕ ...

Мадицинските сестри ќе добијат за 5 % повисока плата од јануари. За сите други барања ќе мора  да почекаат да завршат преговорите со ресорното министерство: „За денес и утре се закажани средби. Нашиот буџет е тој, кој е одреден за зголемување на платите во здравството. Сепак нема да застанеме со комуникацијата и деновиве имаме состаноци со претставници на здруженијата и Комората на медицински сестри и да видиме кои се барањата и дали воопшто можеме да излеземе во пресрет“, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Околу еден месец траат преговорите меѓу здруженијата на медицински сестри  и Министерството за здравство. На последната…

ПОВЕЌЕ ...