Author: Media Point

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат само со навршен пензиски стаж Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник на Р.М. Согласно ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика преку Владата на Р.Македонија изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.11.2018 година – Во Македонска Каменица започна поставувањето на нови и со замена на оштетените сообраќајни знаци во централното градско подрачје. За набавените 76 нови сообраќајни знаци и 76 столбови општина Македонска Каменица ќе издвои 115.292,00 денари. Со поставувањето на сообраќајните знаци на најфрекфентните раскрсници во градот, дополнително ќе биде зголемена безбедноста, како на пешаците така и на сите учесници во градскиот сообраќај.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 27.11.2018 година – Временската прогноза за денеска е – променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Македонска Каменица, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци и Дојран 15, Маврово 7, Прилеп 13, Охрид 12. И утре времето ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, но со слаб интензитет. Дневните температури ќе се движат…

ПОВЕЌЕ ...

Под покровителство на Советот за регионална соработка (RCC) во рамки на проектот „Платформа за вработување и социјални работи“ денеска во Скопје се одржува регионална работилница за Практиканство, на која учествуваат претставници од шест држави од Западен Балкан. На отворањето на работилницата се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која ја акцентираше посветеноста на Министерството со кое раководи во креирањето на програми за намалување на младинската невработеност. „За прв пат во Македонија носиме закон со кој се овозможува на младите да се стекнат со пракса во фирмите и за тоа да им биде платено. Периодот кој може да работат како…

ПОВЕЌЕ ...

Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи најавуваат историско намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон во петокот достигна најниска цена во последните неколку месеци спуштајќи се под границата од 60 долари. Таа цена е за повеќе од 12 долари по барел пониска од оние 72 долари по кои нафтата се тргуваше пред 2 недели и која беше просечна цена врз основа на која, Регулаторната комисија за енергетика тогаш донесе одлука за намалување на цената на горивата и до 4 денари по литар. Ваквиот развој најавува ново, веројатно…

ПОВЕЌЕ ...

Британскиот боксер Рони Кларк го изложи на продажба на eBay, шампионски појас. Тој претходно го освоил европскиот шампионски појас во верзијата ИБФ – втора полулесна категорија. Почетната цена на појасот е 1.050 фунти. 33-годишниот Шкотланѓанец на ваков чекор се решил, бидејќи немал пари да купи подарок за својот син за Божиќ. Ова се должи на фактот дека поради повреда на противникот, неговата следна борба беше откажана.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера почина познатиот македонски актер Мите Грозданов, на 75-годишна возраст. Тој најголемиот дел од својата кариера го помина во Драмскиот театар-Скопје, каде работеше од 1967 до 2008 година, до самото пензионирање. Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…

ПОВЕЌЕ ...

Здружение на пчелари „Еко Кам Мед’’ од Македонска Каменица, на 02 Декември 2018 година, со почеток од 10:00 часот во Големата сала од Дом на култура во Македонска Каменица, организира двочасовно предавање на тема: „Воведување на нови методи на пчеларење во изменети агроеколошки услови“. Предавач ќе биде претседателот на СПОС (СОЈУЗ НА ПЧЕЛАРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СРБИЈА), доктор- епидемиолог Родољуб Живадинович https://www.facebook.com/rodoljub.zivadinovic, долгогодишен пчелар, автор на повеќе трудови од областа на современото пчеларење. Билетот за членовите на ЗП „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица е слободен, додека за останатите заинтересирани пчелари влезот е 100 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Интересен прилог на колегите од интернет порталот Поглед.Мк за нашиот град. Прочитајте го истиот и размислете, можеби Поглед.Мк се во право за ситуацијата во Македонска Каменица. Можеби навистина треба да се преземе нешто за да се врати светлината во градот на Рударите. Аларм? Македонска Каменица веќе не е само рударски град. Малото градче од источна Македонија кое се наоѓа во подножјето на Осоговските планини, а кое според последниот попис од 2002 година има 5,147 жители станува главното место за аџилак на комарџиите не само од Каменица, туку од повеќе градови од источниот дел на Република Македонија. Доколку го посетите…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 25.11.2018 година – Синоќа во 2 часот по полноќ е ограбен маркетот „Клас“ во Делчево. Како што изјавија сопствениците, крадецот кој најверојатно влегол преку мал прозорец во објектот, успеал да украде 35.000 денари од касата. Истиот е забележан од страна на соседи кои живеат во зградата кои велат дека настанот се случил околу 2 часот по полноќ. -Не разбудија звуци предизвикани од тропање во близина на објектот некаде околу 2 часот по полноќ. Поради тоа што во близина на објектот постои светилка која автоматски се вклучува забележавме дека по кражбата крадецот се упати зад зградата и продолжи во непознат правец…

ПОВЕЌЕ ...