Author: Media Point

Македонска Каменица 01.12.2018 годдина – Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ од Македонска Каменица, по повод 3-ти Декември – Меѓунарониот ден на лица со посебни потреби, огранизира забава со хуманитарен карактер. Забавата ќе се одржи денес (01.12.2018 година), во Ресторан „Иднина“ со почеток од 18:00 часот. Влезницата изнесува 400 денари со вклучен дел од менито. За забавниот дел е задолжен „Актив Бенд“ од Македонска Каменица. Влезниците се со ограничен број и се продаваат во Бутик „Звезда“ или за резервација на место можете да се јавите на 071-737-465.

ПОВЕЌЕ ...

Бошко Стаменковкси со години мака мачел со килограмите. Започнува да вежба и да води здрав живот со посебен режим на исхрана со цел да се ослободи од прекумерната тежина. Секојдневното вежбање и пролеана пот ги дале очкуваните резултати. Бошко не само што се ослободува од килограмите туку се “заразува” и со некои спортски дисциплини и продолжува да спортува. Иако спонтано во својата четврта деценија од животот, сепак постигнува успеси со кои ја прави горда не само неговата Македонска Каменица, туку и Македонија. By Vase Kocev Published on Wednesday, November 28, 2018 – 00:24 File size 16.81 Duration 18 min 21…

ПОВЕЌЕ ...

Извор: Фокус Македонска Каменица, 01.12.2018 година – (А.Б.) 87-годишен жител на Македонска Каменица почина на лице место откако бил прегазен со возило марка „мерцедес бенз“ управувано од 40-годишен жител на Кочани. „На 30.11.2018 година во 15.40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево“, соопштија од полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Краткометражниот игран филм ,,Мишко” зеде нова награда, овој пат во Австрија на 20-тиот филмски фестивал JУКИ во градот Велс. Македонскиот филм ја освои наградата на публиката, која се доделува на филм со најмногу гласови од публиката. Наградата ја подигна режисерот Ханис Багашов. Покрај наградата, на фестивалот се оддржа целодневна работилница посветена на ,,Мишко”, за aвстриските студенти, под менторство на филмската критичарка Gudrun Joeller, која го опиша како исклучително содржаен, зрело направен и тажен филм – пример за студентите на најзините работилниците во Австрија. ,,Мишко” беше единствениот македонски филм на престижниот Сараевски филмски фестивал годинава, помеѓу 266 филма од 56 земји,…

ПОВЕЌЕ ...

Пехчево, 30.11.2018 година – 69-годишната Фериде Ридарова е најверојатно жртва на пожар во кој до темел изгоре нејзината куќа во пехчевското село Црник. Речиси 12 часа по пожарот, нејзиното тело се уште не е извадено од под урнатините кои останале по големиот пожар во кој до темел изгоре куќата. Трагедијата се случила неколку минути по полноќ, кога од засега непознати причини, избувнал пожарот: „Интеврениравме, пожарот беше делумно локализиран, но во куќата имало жена. Кучата е целосно урната и телото не е пронајдено. Сега се расчистува соба по соба“, кажа Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ – Берово. Засега се уште нема…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2018 година – Дел од 13. Коло е утрешниот натпревар помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Тетово, кој ќе се одигра од 13:30 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица. Екипата на ЖФК Каменица САСА по одиграни 12 кола е на шестата позиција на табелата со 21 освоен бод. Се надевеме дека каменичанки утре ќе слават на задоволство на публиката од трибините и љубителите на фудбалот во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Нова центрифуга за испитувања доби лабараторијата на Клиничка болница во Штип. Јордан Тунев раководител на лабараторија вели дека станува збор за центрифуга, која може да достигне до 15.000 вртежи во минута, или во исто време да се стават во неа најмалку 48 епрувети за анализа. -Со тоа придобивката е уште поголема, бидејќи ќе опслужиме што е можно повеќе пациенти. Со оваа наша нова центрифуга, која и беше потребна на нашата болница, на овој источен регион, придобивката е огромна за пациентите, бидејќи во исто време, поголем број пациенти ќе бидат опслужени и за кратко време ќе ги добијат своите резултати, вели…

ПОВЕЌЕ ...

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Кратка верзија) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки: Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи– Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 30 ноември 2018, (Пара вести) – Страшо Дијаков, дваесетгодишен студент на Електротехничкиот факултет, побара од Државната лотарија на Македонија да ја поништи шестката што ја добил на последното извлекување. Во изјавата за Пара вести Страшо истакна дека тој знае за многу повеќе од шестка и дека не сака таа добивка еден ден да му го расипува просекот. „Бев шокиран кога ја добив шестката. Сите ми честитаа, ама не ми беше јасно за што, зашто шестка не е никаков успех. Сметам дека сум оштетен и дека заслужив повеќе, зашто шестка може да добие буквално секој, без нешто премногу учење. Не поминав…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2018 година – Во текот на денешниот ден, на патниот правец Каменица – Кочани, се случи нов камен одрон од поголеми размери. Станува збор за одрон на „стара“ критична и обезбедена точка од делницата. Иако поставената заштитна камена ограда успеала да го запре поголемиот дел од одронот, сепак дел од него завршил и на коловозот. Истата, поради тежината на камениот одрон е оштетена. Местото е означено, но се препорачува внимателно возење, со прилагодена брзина на возачите на моторни возила, особено во вечерните часови кога видливоста и прегледноста на теренот е намалена. Екипите на Македонија Пат се веќе на терен…

ПОВЕЌЕ ...