Author: Media Point

Во текот на следните неколку денови под влијание на јужно воздушно струење ќе имаме позначителен пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, позначителна облачност ќе има во вторник особено навечер и во текот на ноќта кон среда кога се очекуваат локални слаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува снег. Циклонска активност и поинтензивни врнежи нашата територија треба да ја зафатат во текот на ноќта сабота кон недела.

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција. Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот. Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на…

ПОВЕЌЕ ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за правда, Рената Дескоска денеска се обратија на заедничка прес конференција на којашто најавија дека во владина постапка влегува Законот за прекршоци во кој се предвидуваат измени за намалување на висината на казните за правните и физички лица со што се воведува разумна казнена политика. На прес конференцијата присуствуваше и извршната директорка на Стопанска комора на Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ која во името на бизнис заедницата ги изнесе ставовите и ги поздрави предложените измени во новиот Закон за прекршоци. Премиерот Заев рече дека со новиот закон се реализира едно…

ПОВЕЌЕ ...

Македонката Билјана Мојсоска, родена во Струга, е еден од научниците чие поле на интерес се токму антибиотиците. Моментално живее и работи во Данска, каде што завршила додипломски, магистрирала, докторирала, а постдокторските ги поминала во главната болница во Копенхаген, при одделот за клиничка микробиологија. Сега почнала да работи како главен истражувач во академска стартап-компанија во Копенхaген. За проблемот со стравот кај родителите од примањето антибиотици, Мојсоска за Деца.мк вели дека според центарот за контрола и превенција на болести (CDC), околу 30 % од антибиотиците во САД се препишани без потреба. Според неа, како резултат на неодговорната употреба на антибиотиците се крева…

ПОВЕЌЕ ...

Во Белград синоќа во боемска Скадарлија во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ отворена е изложба на ранохристијанските теракотни икони од Виничкото Кале на Музејот Теракота од Виница. На изложбата презентирани се 12 копии од уникатните керамички релјефи од 5 и 6 век и осум банери на кои се презентирани 14 мотиви од иконите, кои сведочат за едно длабоко познавање на ранохристијанското учење во Македонија. „Преку презентација на еден од најзначајните археолошки наоди на Балканот, ранохристијанските теракотни икони, кои се едни од најизложуваните артефакти од Македонија во светот, сакавме и во Белград на најдобар начин да го презентираме и афирмираме…

ПОВЕЌЕ ...

Земјоделие дава 13 милиони евра за преработувачите. Ќе има ли интерес во регионот? By tvstar Земјоделие дава пари за отворање на преработувачки капацитети и опремување на веќе постојните. Станува збор за средства кои се дел од ИПАРД 2 програмата , а со кои им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги кои ќе инвестираат во вакви капацитети, да добијат поврат на половина од вложените средства: „ Само за првиот повик од ИПАРД 2 се склучени околу 940 договори во вредност од 18 милиони евра, што е и повеќе од целиот програмски период за ИПАРД 1. Затоа, со предлог Буџетот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 02.12.2018 година – По одиграното 13. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија и победата на ЖФК Каменица Саса од 3:2 против ЖФК Тетово, каменичанки ќе презимат на 5-то место од табелата. На вчерашниот натпревар на градскиот стсдион во Македонска Каменица, стрелци за победа беа Анастасија Маринковска, Стефани Петревска и Мила Талевска. Последниот натпревар од првата полусезона на Прва Женска Фудбалска Лига на Македонија каменичките девојки одиграа одличен натпревар на кој, покрај постигнатите три гола создадоа уште неколку изгледни шанси за гол. Ќе повториме дека, со оглед на возраста на играчите, како најмлад тим во прволигашкото натпреварување и со…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва, по повод претстојниот Меѓународен ден на лица со посебни потреби – 3ти Декември, во организација на Хуманитарното здружение “Бели Гулаби” – Македонска Каменица се одржува настан од хуманитарно забавен карактер. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и Рудник САСА. На присутните им се обратија градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова која во краткиот поздравен говор до присутните нагласи дека “и во иднина се надева на зголемување на соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации кои работат на надминување на нивните секојденевни бариери. Социоекономското етаблирање на лицата со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 01.12.2018 година – Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, повеќегодишниот шампион во светска и европска конкуренција, денес во Бијелина, Република Српска (БиХ), освои прво место на Отвореното меѓународно првенство – WR PowerLifting. https://www.youtube.com/watch?v=ZJuP4tB7uTg&feature=youtu.be Стаменковски успеа да крене најголема тежина од сите учесници на Отвореното првенство во конкуренција од категоријата до 75 килограми. Учествуваа натпреварувачи во PowerLifting од 6 различни балкански и европски држави. Церемонијалниот дел и доделувањето на медалите е вечерва со почеток од 22:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 01.12.2018 година – Во насока на одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, ЦПЛИП Порака Македонска Каменица ќе организира “Модна Ревија” на која учество ќе земат штитеници на центарот. Освен способностите за манекенство, тие ќе ги покажат и своите таленти во свирење и пеење. Настанот ќе се одржи на 3-ти Декември 2018 година, со почеток од 13:00 часот во Домот на Култура во Македонска Каменица. Настанот ќе се реализира во соработка со Дневен Центар за лица со посебни потреби – Македонска Каменица и СОУ Миле Јаневски – Џингар, истиот е поддржан од КИЦ Романса и…

ПОВЕЌЕ ...