Македонска Каменица 01.12.2018 година – Во насока на одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, ЦПЛИП Порака Македонска Каменица ќе организира “Модна Ревија” на која учество ќе земат штитеници на центарот. Освен способностите за манекенство, тие ќе ги покажат и своите таленти во свирење и пеење.

Настанот ќе се одржи на 3-ти Декември 2018 година, со почеток од 13:00 часот во Домот на Култура во Македонска Каменица.
Настанот ќе се реализира во соработка со Дневен Центар за лица со посебни потреби – Македонска Каменица и СОУ Миле Јаневски – Џингар, истиот е поддржан од КИЦ Романса и општина Македонска Каменица.
