Author: Media Point

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“. Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четири наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити. Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В.,…

ПОВЕЌЕ ...

Делчевски полицаец  претепал сограѓанин. Претепаниот Љ.Ф. го пријавил случајот во делчевската полициска станица. Немилиот настан се случил вчера попладне на пешачката патека во близина на село Звегор. Насилникот бил во цивилна облека. Одделот за внатрешни работи во МВР и Основен јавен обвинител во Делчево се известени за инцидентот. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Пожар пеплоса штала во близина на виничката филтер станица. По извршениот увид од страна на надлежните од виничката Полициска станица, утврдено е дека во пожарот настрадала стоката која не успеала да се спаси од огнените јазици. Изгореле, коњ, магаре и муле. Изгорената штала е сопственост на виничанецот А.А. Надлежните интензивно работат на откривање на причините за пожарот.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во Дом на култура во Македонска Каменица, се одржа ликовна галерија на која беа презентирани дела изработени од уметници, хумористи и сатиричари. На настанот, покрај градоначалникот на Македонска Каменица, присуствуваа културни и просветни работници, ученици од СОУ “Миле Јаневски Џингар” и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и љубители на хуморот и сатирата од нашиот град. Ликовната галерија беше во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, во рамки на годинешново издание на Меѓународниот фестивал “In Vinica Veritas”. Во склоп на настанот се одржа и промоција на книгата „Трагачи по парадокси”, дело на доајенот на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски.…

ПОВЕЌЕ ...

Со отворање изложба на карикатури на тема „Часовникот на судниот ден“, почна Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој одбележува 25 години од основањето. Меѓународното  жири одлучи првата награда годинава да му припадне на карикатуристот Муса Ѓумуш од Турција, втората на Олексиј Кустовски од Украина, а третонаграден е Амир Сохејли од Иран. На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, кој е организатор на манифестацијата, им беа доделени признанија на основачите на фестивалот. – Сакаме да им се заблагодариме на луѓето чија визија пред две и пол децении ја зачна идејата за овој фестивал и…

ПОВЕЌЕ ...

Од извори од истрагата според ТВ21 новинарот Миленко Неделковски е приведен денеска и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи. Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на својот „Фејсбук“ статус напиша дека е дојдена полиција да го апси.

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7 отсто), Преработувачка индустрија (11.4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.9 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7 отсто), Рударство и вадење на камен (2.1 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на…

ПОВЕЌЕ ...

Сите откупувачите на сливи и преработувачи на пченица од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од годинашната  реколта. Субвенции за откупени сливи може да добијат правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на сливи од годинашната реколта од домашно производство. – Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени во период од 15 август до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена…

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларско Здружение Еко Кам Мед денеска 21.10 2018 година  во 18 часот во Домот на Културата во Македонска  Каменица организира предавање за сите пчелари од општината и регионот. Предавач ќе биде Слободан Јевтич од Ребублика Србија пчелар со 50 годишно искуство и еден од најголемите познавачи на пчеларството на Балканот. Предавањето ќе виде на тема: Правилна работа со пчели,припрема за зимување, исправка ако имаме направено грешки, зазимување, прв пролетен преглед,отклонување на лоши заедници припрема за багрем,вароа,превентива против кречно легло и ноземоза,Успешно пронаошање на ATL iи санирање. Инвертирање на сируп и прихрана после медлика и бршлен.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, се одигра, редовното 8. коло од регионалната помлада пионерска и пионерска лига – исток. Во Берово нашите фудбалски надежи му гостуваа на Кит-Го и се враќаат со половичен резултат. Помладите пионери со победнички резултат се вратија дома, по победата од 3:0 со головите на Лазар Стојановски во 10 и 75 минута и Филип Николовски во 25 минута од натпреварот. Пионерите се поразени од соодветната екипа на Кит-Го со 2:0. Oна што е важно да се спомене е фактот дека помладите пионери се искачија на второто место на табелата и во наредното коло го пречекуваат реално послабиот тим  ФК Детонит…

ПОВЕЌЕ ...