Author: Media Point

Македонска Каменица, 30.10.2018 г. –  Македонска Каменица станува дел од големиот општествено одговорен проект на  компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, каде денеска беше поставена 15-тата јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во употреба новото место за дружење и рекреација за жителите. За придобивките и значењето на новата „Coca-Cola Активна зона“ за жителите на Македонска Каменица, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, говореше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова. „Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници што продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства. Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и на Молдавија плаќале по 5.000 евра за лажна потврда, со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а се уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување. Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи. –…

ПОВЕЌЕ ...

Започна спроведувањето на Програмата за општинско корисна работа во која се ангажирани лица според потребите на Општината и граѓаните. Оваа програма по четврти пат се спроведува во нашата Општина, како проект на UNDP и АВРМ во соработка со општина Македонска Каменица. Како Лични асистенти во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се вклучени 3 лица, во Дневниот центар за лица со посебни потреби 4 лица, едно како воспитувач во Детската градинка Бамби, 3 инвалидни лица според потребите во советодавни услуги и осум лица за грижа на стари, изнемоштени и инвалидни лица. Лицата вклучени во Програмата за општинско корисна работа како лични асистенти се ангажирани на…

ПОВЕЌЕ ...

Здравстевна состојба на повредениот работник во рудникот САСА е добра, соопштија денеска од рудникот потврдуавјќи го инцидентот што се случил вчера. Од Рудникот, раководејќи се според стандардите и процедурите за безбедност и здравје при работа, ја информираа јавноста дека вчера во 3 часот и 23 минути, при редовно извршување на работни задачи во една од рудничките јами се случил одрон на парче руда при што еден работник се здобил со повреда – расекотина на натколеницата. – Постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во рудникот САСА, на повредениот работник веднаш, од страна на медицинско лице му била пружена…

ПОВЕЌЕ ...

На иницијатива на тренерскиот тим на КК Баскет Кам од Македонска Каменица, во текот на претходниот викенд, реномираниот тренер Ивица Јаковлевски одржа целодневен тренинг со над 20 играчи од клубот. За многубројните сертификати и меѓународни признанија на И. Јаковлевски како успешен млад тренер, пишувавме до сега. Значајно е да ја споменеме грижата за младите таленти во КК Баскет Кам од страна на стручниот тим во клубот и насоките во кои тие се насочуваат и развиваат, со цел прераснување во врвни репрезентативни кошаркарски имиња. Погледнете го краткиот видео спот изготвен од Ивица Јаковлевски, кој со импресии од одржаниот тренинг замина од…

ПОВЕЌЕ ...

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними својата прва соло песна во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон. Песната се вика „We are blood“ и Кристијан ќе ја изеде на концертот во чест на Тоше кој ќе се одржи на втори ноември во арена Борис „Трајковски“. Кристијан денеска објави дел од спотот на својот Фејсбук профил.

ПОВЕЌЕ ...

Како дел од третото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија – мажи, екипата на КК Баскет Кам од Македонска Каменица извојува значајна и убедлива победа на гости во Скопје, против екипата на КК Лирија. Во текот на целиот натпревар кој заврши со 64:77, КК Баскет Кам држеше високо ниво на дисциплина во одбраната, додека играта во напад се темелеше на сигурни додавања со ефективни завршници. Најпрецизен во екипата на КК Баскет Кам беше Александар Тодоровски со 22 поени, додека Дарко Гоцевски нанижа 16, Борјан Панов 15 и Роберт Стојанов 13 поени. Следното четврто коло КК Баскет Кам го…

ПОВЕЌЕ ...

Заврши натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица и ЖКК Бадел1862 од Скопје, дел од третото коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија. Кошаркарките на Бадел 1862 целиот натпревар го одиграа супериорно, во ниеден момент не им дозволија на каменичанки резултатски да им се приближат. Ако во минатото коло ЖКК Баскет Кам се поигруваше со противникот од Делчево, ЖКК Клубски Патриот со кој одигра 73:37, денес каменичанки се најдоа на другата страна од резултатот. На домашен терен загубија со 57:88. ЖКК Бадел 1862 е екипа која повеќе од деценија е број еден во домашното првенство со…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во спортската сала во Македонска Каменица со почеток од 12 часот ќе се одигра третото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени). Жкк Баскет Кам го пречекува пресилниот Бадел 1862 од Скопје. Екипата на Бадел 1862 доминира повеќе од една деценија во женските кошаркарски првенства на Македонија . Девојките на ЖКК Баскет Кам се исправени пред вистински предизвик на денешниот натпревар. Ќе се борат против неприсниковените и фаворизирани кошаркарки од Скопје, кои во минатото коло успеаа да го совладаат фаворитот и директен конкурент за освојување на првото место од табелата, ЖКК Вардар. Очекуваме полни трибини и силна поддршка…

ПОВЕЌЕ ...

Во склад со своите овластувања општина Македонска Каменица продлжува со доуредувањето на Кеј на Каменичка Река. Во текот на наредните денови, започнувајќи од денес, ќе бидат поставени повеќе пешачки стази и додатна урбана опрема на двете страни од речното корито на Каменичка Река. Градежните активности ги изведува „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид  врз основа на Договорот за изведување на Бетонски работи и партерно уредување на површини на територијата на Општината. По завршувањето со изградба на пешачките стази, градежните активности продолжуваат со поставување на пешачка патека долж улицата пред Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и градскиот плоштад во Македонска Каменица. Со…

ПОВЕЌЕ ...