Author: Media Point
Одговара Ирена Смиљанска од Министерството за труд и социјална политика
Електрична бандера која се наоѓа во село во близина на Благоевград во Бугарија, била пријавена како адреса за живеалиште на илјада Македонци со бугарско државјанство, а сето тоа е дел од измама организирана ширум Бугарија и осмислена за продажба на сертификати за издавање на државјанства. Ова во интервју за „ЕУ Обзервер“ го тврди Катја Матева, поранешна директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правда. Матева вели дека првиот човек во месноста, ја пријавил бандерата како адреса на Македонците кои во готовина плаќале за сертификатите, со цел да станат натурализирани бугарски државјани. „Илјада луѓе се пријавени на електричната…
Пензионерите и вработените нема да можат да имаат тезга со новиот закон за зелени пазари коj треба да стапи на сила за две недели. Од стопанската комора бараат негово одлагање. Велат дека со неговата примена ќе се намали бројот на продавачи на пазарите, прометото ќе опадне за 30 отсто , а закупците на тезги ќе се оптоварат со нови давачки. До министертвото за економија веќе испратиле и допис со пет конкретни забелешки. Уште еден проблем во законот е и воведувањето на легитимации за закуп на тезги. Пазарџиите освен што немаат инфромација каде да ги добијат, велат дека таа ќе важи…
Во среда православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува збор за посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле… Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски – Чудотворец, кого многу…
Движењето против коцкање одржа прес конференција за медиумите каде јавно упатија барање казината и спортските обложувалници да бидат на три километри далеку од градот. Во Тетово има над 30 казина и над 140 спортски обложувалници. Доколку не се исполни нивното барање за дислоцирање на казината и спортските обложувалници, од Движење против коцкање најавија протести на 21 декември на плоштадот Лирија во Тетово. „Нашето барање е 3 км далеку од населените места, упатуваме апел до власта особено до пратениците кои се членови и заменици членови во Комисијата за финансирање и буџет, да бидат одговорни и внимателни при гласањето на законот и…
Пиењето вода е навистиа важно бидејќи му помага на нашето тело да фунцкионира правилно и притоа игра улога во превенцијата од главоболки и дехидрација. Многумина не пијат доволно вода и наместо неа конзумираат сокови, кафиња и други слични пијалоци. Пиењето вода има многубројни придобивки, а ова се некои од нив: Менталната креативност и перформансите ќе ви се подобрат Кога пиете вода вашиот мозок реагира побрзо. Бидејќи на мозокот му се потребни големи количини на кислород за да функционира, а водата е еден од најголемите извори, со нејзино конзумирање работата на мозокот значително ќе се подобри. Пиењето 8 до 10 чаши…
Поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север на учесниците во сообраќајот им се препорачува прилагодување на брзината кон условите на патиштата во зимски услови, апелираат од ЈП „Македонија пат“. Потребно е особено внимателно управување на возилата на планинските премини. Од УХМР најавуваат дека повремените врнежи поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот. Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во…
Лесковац, 16.12.2018 година – Автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел на автопатот кај Лесковац во Србија, при што загинале најмалку три лица, а 30 се повредени. Тешката сообраќајна несреќа, според РТС, се случила откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат. Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус кој патувал кон Виена. Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40 минути по полноќ. Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите повредени, од кои некои…
Македонска Каменица, 15.12.2018 година – Денеска Македонска Каменица беше домаќин на детскиот фудбалски турнир „50 години ФК Саса“ по повод овој јубилеј на каменичкиот второлигаш. „На турнирот настапуваат детските екипи на Каменица Саса, штипската Академија Постолов-Пандев, виничка Слога и штипска Брегалница“, вели Климент Ѓоргиевски, претседател на ФК Каменица Саса. Поддршката за клубот од општината продолжува и понатаму. „Ова е голем јубилеј, по кој што Македонска Каменица и денес и порано беше препознатлива. Поддршката во организацијата и за фудбалот од општината продолжува и понатаму со значајни средства“, вели Соња Стаменкова, градоначалник на Македонска Каменица. Задоволни од учеството на турнирот беа и младите…
Македонска Каменица, 15.12.2018 година – Одрони го попречуваат движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот од село Илиово до село Луковица каде дел од нив ги пробиле заштитните мрежи и го отежнуваат движењето на сообраќајот во тој дел од патниот правец А3 кој води од Македонска Каменица до Делчево. Како што информираат од Јавното претпријатие Македонија пат екипи се веќе на терен и го расчистуваат теренот. -На местото каде се забележливи наголем дел од одроните е поставена соодветно известување, но сепак, апелираме на претпазливост и внимателно возење од страна на возачите. Нашите екипи се…
