Author: Media Point
Триесет и две годишник со иницијали Д.А од Злетово си го одзел животот откако на граничниот премин Делчево бил фатен со дрога, по што ја проголтал. Сега веќе починатиот со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака, се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Делчево синоќа во 19:15 часот заедно со неговиот совозач, инаку 18 годишно лице од Пробиштип. Граничните служби извршиле преглед на личниот багаж на лицата при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. За време на постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент…
ОТЧЕТ НА СОЊА СТАМЕНКОВА – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ
Македонска Каменица, 15.12.2018 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, денес во просториите на Дом на култура, пред бројни претставници на институциите и граѓанскиот сектор, претседателот и членови на Совет на општината, присутни граѓани и медиуми, излезе со отчет за сработеното во рамки на својата едногодишна работа. Во прилог, интегрално ви го презентираме текстот од Отчет на градоначалник на општина Македонска Каменица – ЕДНА ГОДИНА ОТВОРЕНА ОПШТИНА и дел од целосното обраќање на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова пред присутните: ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ Почитувани сограѓани, Помина првата година од…
ДЕТСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – “50 ГОДИНИ ФК САСА” Оваа сабота, на 15-ти Декември 2018 година, во спортската сала во Македонска Каменица ќе се одржи Детски турнир во мал фудбал – “50 години ФК САСА” Отворање на турнирот е во 09:30 часот, а натпреварувечкиот дел е од 10:00 часот. Екипи кои ќе учествуваат на турнирот : ФК Каменица Саса, ФК Постолов-Пандев, ФК Брегалница Штип, ФК Слога 1934 Виница За најдобрите екипи, најдобриот стрелец, играч и голман обезбедени се пехари, за останатите се обезбедени благодарници.
Македонска Каменица, 13.12.2018 година – Дресот на машката македонска кошаркарска репрезентација до 18 години ќе го облече уште еден член на КК Баскет Кам од Македонска Каменица. Станува збор за 17 годишниот Дамјан Тодосиев од Кочани, кој веќе 5-та сезона ги брани боите на каменички Баскет Кам, како плеј-играч кој секогаш дава свежина на теренот и брзина во играта на каменичани. Во неколку наврати бил дел од поширокиот состав на младинските репрезентации на Македонија, но ова за него претставува најголем успех. -На моја 12 годишна возраст, за првпат почнав да ги бранам боите на Баскет Кам, што тогаш за мене…
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства. Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. – Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства, извести полицијата. Согласно Кривичниот законик, тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува…
Неговата Светост Папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките Власти на Државата и на Католичката Црква, ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза. Програмата на посетата ќе биде објавена благовремено. Претходно Папата Франциск ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.
Денес во Делчево беа презентирани можностите за вклучување на училишните библиотеки во националниот библиотечен информациски систем Cobiss. Како што истакна Жаклина Ѓалевска од националната универзитетска библиотека од Скопје, со вмрежување на училишните библиотеки на системот Cobiss ќе се овозможи поголема достапност на училишната литература за учениците. -Целта е да ја понудиме можноста, делчевските училишта да се вклучат во системот Cobiss, преку кој ќе им се овозможи на учениците, да добијат библиотеки кои ќе бидат лесно достапни преку интернет, ќе бидат пребарливи и во секое време да можат да имаат информација што поседува нивната училишна библиотека. Ова според нас е нешто…
Љубителите на книгата од Македонска Каменица, во петок на 14. Декември, со почеток од 17 часот, ќе имаат можност да разменат книги и муабети од книжевноста. Организаторот на “Размена на книги и книжевни муабети” во нашиот град е Сузи Ангеловска, која се надева дека интересот за настанот кој ќе се одржи во Ресторанот Гранд во Македонска Каменица ќе биде огромен и со голем број на посетители. Иницијативата за настанот доаѓа од фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“. Ваков настан за првпат се одржува во нашиот град, па ова ќе биде одлична можност сите љубители на пишаниот збор, да…
На 14 и 15 декември во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет „Балканот пее и игра“. Како што стои во официјалната покана за настанот на фестивалот ќе настапат: -Балетска школа КРОАЗЕ – Република Бугарија -Ансамбл ЕЗЕРЕЦ – Република Бугарија -Хор Св.Климент Охридски – Македонија -Пејачка група ЃУРЃА – Македонија -ФГ Н.Ј.Вапцаров – Македонија Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет ќе се одржи на 14 и 15 декември со почеток во 13 часот во киносалата во Делчево. Настанот е поддржан од Министерството за култура…
Властите во Авганистан сакаат на земјоделците да им понудат алтернативен план за заработка. Така, наместо да одгледуваат афион, од кој се добива опиум, им се нуди да се свртат кон производство на најскапиот зачин во светот – шафранот. Производството на шафран оваа година во земјата се зголеми на рекордни 13 тони, што е зголемување за 22 отсто во споредба со претходната година. “Земјоделците кои се посветија на одгледувањето шафран годинава имаа заработка од околу 17 милиони долари, имајќи предвид дека 90 отсто од авганистанскиот шафран се извезуваат”, се вели во соопштението од авганистанското министерство за земјоделство. Станува збор за деликатен…
