Author: Media Point
Стинг се враќа во Скопје на 2.6.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена „Филип Втори“. Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува „best off tour“, Стинг ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Police“ и од соло-кариерата. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња. Влезниците…
13-годишно девојче од Калифорнија освои 25.000 долари за создавање систем за соларни панели што може да детектира каде е сонцето во кое било време. Џорџија Хатчинсон од Вудсајд, Калифорнија, ја освои првата награда на „Бродком Мастерс“ СТЕМ натпреварот за средношколци. Таа се најде на првото место од вкупно 30 финалисти, кои добиле вкупно 100.000 долари. Друштвото за наука и јавност и фондацијата „Бродком“, кои го поддржаа натпреварот, исто така доделија 1.000 долари на СТЕМ-наука, технологија, инженерство и математика – програма во средното училиште на Хатчинсон. Фото: Society for Science and the Public Иновацијата на Хатчинсон се потпира на јавно достапни…
Во Македонија, 83 отсто од младите луѓе на возраст од 16 до 29 години живеат со своите родители. Овој удел е многу поголем кај младите мажи и изнесува завидни 96,6 отсто, додека кај девојките е само 68,5 отсто, што се должи на напуштањето на родителскиот дом поради мажачка. Европскиот просек на млади луѓе на оваа возраст кои се уште живеат под ист кров со родителите изнесува 68,2 отсто. Според полот, податците на Евростат покажуваат дека 73,3 отсто од европските момчиња живеат со родителите, додека кај младите жени процентот изнесува 62,9 отсто, односно разлика од 10,4 процентни поени. Според социологот Илија…
Лицата што го употребуваат мобилниот телефон при возење претставуваат закана за сообраќајот. А, на мобилни телефони додека возат зборуваат не само граѓаните туку и професионалните возачи во јавниот градски превоз, па и некои таксисти. Зборувањето на мобилен телефон при управување возило можеби не претставува директна причина за настанување на сообраќајна несреќа, но последиците од неговата употреба може да доведат до предизвикување сообраќајка. Тоа значи дека лицата што го употребуваат мобилниот телефон при возење претставуваат закана за сообраќајот. А на мобилни телефони додека возат зборуваат не само граѓаните туку и професионалните возачи во јавниот градски превоз, па и некои таксисти. Според…
Општина Македонска Каменица, наредната година ќе се фокусира на проекти кои се насочени кон заштеда на енергија и пари. Приоритет на Општината ќе бидат т.н. енергетски ефиксани градби и инвестиции: „Веќе подготвуваме проектна документација заенергетска ефикасност на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а изготвен е и проект за изградбана противпожарна кула за рана детекција на пожари. Во напредна фаза сме и зареализација на проектот за промена на старото улично осветлување со новоенергетски ефикасно лед осветлување. Имаме нови проекти за поставување нафотоволтаични панели на ООУ „Св.Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ иЈОУДГ „Бамби“, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на о. Македонска…
Македонска Каменица, 18.12.2018 година – 63 годишниот Стоиле Столиов од селото Цера во Штипската клиничка болница е спасен во последен момент. Него, премрзнат и немоќен го пронашол непознат во дворот од шупата каде што Стоилов живеел сам без храна и огрев. „Непознато лице го донело во болницата, и веднаш е прегледан од страна на интернистите. Моментално е во стабилна состојба, но примен е во тешка здравствена состојба, така да е болнички згрижен, ја прима потребната препишана медицинска терапија и е под подстојан надзор на лекарите од Интерното одделение, изјави Марина Шуманска – портпарол во Клиничка болница Штип. Пред да биде пронајден, …
Македонска Каменица, 18.12.2018 година – Градоначалниците од Регионот денес се договараа за новата депонија која треба да се гради кај светиниколско Мечкуевци. Постапката за изградба на ова депонија се води неколку години наназад и сега работите се дојдени во завршна фаза: „Најважно сега е да се формираат регионалните тела“, кажа Живка Милошевска, координатор на регионална депонија. Сепак, иако се ветува дека депонијата нема да биде опасност за животната средина, светиниколци на неа не гледаат со радост. Ова особено се однесува на земјоделците кои се во страв дека депонијата ќе им го уништи производтсвото. За поделени мислења и незадовоплни да нема, во…
Македонска Каменица, 18.12.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со јавни расправи и средби со групи граѓани за утврдување на нивните приоритетни барања со цел креирање на реален Буџет на општината, кој ќе биде реализиран во 2019 година. Во просториите на Дом на култура на 15. Декември 2018 година, во присуство на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, претседателот на Совет на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски, директорот и претставници на Јавното претпријатие „Камена Река“ и претставници на Месните заедници во општина Македонска Каменица, се одржа јавна дебата за утврдување на приоритетите на граѓаните и креирање на Буџетот на…
Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Жозе Мурињо, два дена по поразот во големото дерби со Ливерпул. „Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа како тренер на Манчестер јунајтед и му посакува многу успех во иднина. Клубот ќе има привремен тренер до крајот на тековната сезона, додека во исто време ќе работи на пронаоѓање на долгорочно тренерско решение“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед. Мурињо беше претставен како нов тренер на Манчестер во мај 2016 година, кој во него гледаше соодветен наследник на легендарниот Алекс Фергусон. Иако за време на неговиот мандат Манчестер освои три трофеи, сепак…
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка кои се уште се на сила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15 ноември стапи на сила законската…
