Author: Media Point
Кочанка нападната и ограбена во сопствениот дом. Непознато лице на неа и влегло дома синоќа околу 20.00 часот и физички ја нападнал. Преплашена и без можност да повика помош, жената ги исполнила сите наредби од непознетиот насилник и му дала се вредно што имала кај себе – три златни прстени, мобилен телефон и паричник со 800 денари во неа. Откако не нашол ништо друго вредно, насилникот си заминал ,а жената повикала полиција. Во моментов се работи на расчистување на случајот.
Германската влада за првпат усвои нацрт-закон за ангажирање квалификувана странска работна рака бидејќи се соочува со проблемот на стареењето на населението, објави Франс прес. Темата е предмет на жестока дебата во Германија во контекст на растечките антиимиграциски чувства. Новиот закон предвидува граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. Во овој период, тие мора да имаат свои средства за живот и да покажат доволно ниво на познавање на германскиот јазик. Тие нема да имаат право на социјална помош, а дозволата за…
Продавачаите на текстил, обувки, и други непрехрамени стои и понатаму ќе продолжат да ги продаваат своите производи на зелените пазари, тврди Минитерството за економија. И тие како и останатите тезгаџии, од следната година ќе треба да извадата лиценци за работа. Согласно законот, лиценците ќе ги дава Комората на трговци на Македонија. Од Министерството велат дека Законот предвидува пет категории на лица кои од Нова година ќе можат да држат тезга. Лицата кои и сега продаваат но се водат како невработени ќе треба да се регистрираат во Комората на трговци и да ја легализираат работата со тоа што ќе плаќаат даноци…
Префрлање на 145 илјади административци во 10 градови ширум земјата за да се развјат и другите региони. Концептот „Македонија Мегалополис“ на професорот Марјан Бојаџиев има за цел да понуди опција за развој и надвор од Скопје.Според него, на тој начин ќе се зголеми Бруто домашниот производ и ќе се намали иселувањето од државата. – Со тоа би се намалило иселувањето. Замислете го Кочани со 15.000 административци. Ќе биде регионален центар за Берово, Пехчево, Делчево и Виница и луѓето нема да имаат потреба да се иселуваат ако постојат магистрални патишта. Тие ќе можат да живеат во своето место, а да работат…
Од денеска попладне, на сајтот bgtoll.bg може онлајн да се купи налепница за автомобили, која укажува на платена патарина во Бугарија (вињета), а информациите на интернет страницата се на осум јазици. Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и со трансфер на средства од банка. При купувањето на е-вињета, корисникот мора да одбере за колкав период му е потребна налепницата (викенд, неделна, тримесечна, годишна вињета), и да ја внесе регистарската табличка на возилото со кое ќе патува. Системот овозможува е-вињета да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на…
Жената на сликата е постојано на раскрсницата кај Бит пазар. Детето во рацете секогаш ѝ е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава на детето за да спие 5 часа, жената станува агресивна и сака да нападне, пишува на својот фејсбук-профил активистката Мерсиха Смаиловиќ. Таа апелира да не им се даваат пари на жените со бебиња, особено кога бебето е успиено „со којзнае какви средства“. Што да се преземе? Ако во МВР пријавите ваков случај, одговорот секогаш е „ние не сме надлежни за тоа“. Во центрите за социјална работа бараат име и презиме или фотографија за…
Државата и Општината Македонска Каменица бараат кров за Стоиле Стоилов од Цера кој пред два дена беше пронајден презмрзнат и итно хоспитализиран во Штипската болница. Стоиле овде ќе остане уште извесен период, но по подобрување на состојбата, тој повторно се соочува со неизвесноста каде ќе ја помине зимата и како ќе ги преживее ниските температури: „Времето додека Стоиле е во болница ќе го искористиме да му обезбедиме сместување“, истакна Благојче Стојменовски, дир. на Центар за социјални работи – Делчево. Сепак, работите одат тешко, зашто слободни места во домовите за бездомници, речиси и да нема: „Контактиравме со сите домови , односно…
Попладнево во 15:20 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево. Како што соопштија од АМСМ, очистен е одронот поради којшто патот од синоќа беше во прекин. Одронот се случи пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица, а сите кои имаат потреба да патуваа до Скопје тоа можеа да го сторат по алтернативниот патен правец Делчево – Бигла – Виница, додека тешките товарни возила, можеа да се движат само преку Берово.
По синоќешните големи камени одрони, кој настанаа во 18:30 часот, патниот правец Каменица – Делчево, кај м.в Црна Точка во село Илиово, сеуште е во застој. Екипите на Македонија Пат со крупна градежна механизација, утрово пред 8 часот започнаа со расчистување на камените одрони од двете коловозни ленти, при што се очекува во текот на денот сообраќајот да биде нормализиран. Возачите кои сообраќаат на овој патен правец, како и оние кои возат кон Кочани, се предупредуваат да управуваат внимателно и со прилагодена брзина според зимските услови на патот.
Претежно облачно време и разведрување носи временската прогноза оваа среда . Значаен пад на температурите . Минималните ќе се движат од -3°С и -0°С, а на повисоките места во западниот регион околу -7°С. Максималната ширум населените места ќе достигне максумум околу 3°С а југоисточниот крај може да очекува температура со максимум околу 5°С Македонска Каменица ја очекува умерено облачно време претпладне, а попладне постепено разведрување. Метеоролозите најавија температура со минимална вредност околу -3°С, а максимална вредност околу 3°С.
