Author: Media Point
На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, во петок (28. Декември 2018), ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар. Ова е тематски базар, организиран по повод Новогодишните и Божиќните празници, а ќе се оддржи во училишниот двор на основното од 11 часот и во средното училиште од 11.00 часот. Сите новогодишни украси ќе се продаваат по симболични цени и покрај граѓаните, ќе бидат вклучени и локалните фирми, установи и институции. Сите соберени средства ќе бидат…
Македонска Каменица, 25.12.2018 година – Сообраќајна несреќа која пред час и половина се случи кај село Драмче, времено го затвори за сообраќај патниот правец Македонска Каменица – Делчево. Станува збор за сообраќајна несреќа во која возачот на автомобил Југо со каменички регистарски таблички, изгубил контрола над истото и удрил во заштитната ограда и страничниот дел од патот. Возачот е во добра здравствена состојба. Истражните органи се на место на несреќата, истрагата за причините и причинетата штета е во тек.
Македонска Каменица, 25.12.2018 година – Претставници на Здружението на пензионери и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова денес традиционално ги посетија домовите на изнемоштените и болни пензионери. При посетата на домовите на 75 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останатите настани и манифестации организирани од Здружението на пензионери им беа поделени солидарни пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена. „Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста активно Здружение на пензионери во целата држава. Тоа го покажуваат и денес со оваа акција со која покажуваат внимание кон…
Возач возел на ризик по автопатот Штип – Миладиновци кој се уште не е пуштен во употреба. Завршил во одводен канал покрај необележаниот и неосветлен автопат. Причина за ова веројатно била густата магла која таа вечер ја имаше во регионот, поради што возачот изгубил контрола и завршил во каналот. За среќа, поминал само со телесни повреди и сам повикал помош. Доколку сообраќајката била од поголеми размери, можело да се случи и со денови никој да не го најде, зашто автопатот не е пуштен во употреба и оттаму возила минуваат ретко. Ова е една од петте сообраќајки кои викендов се случија…
Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој, емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25. Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица. Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во…
Mакедонска Каменица, 21.12.2018 – Рудникот за олово и цинк САСА целосно опреми пет училници во средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. Училниците, кои ги користат ученици од рударската насока, добија комплетно нов инвентар и современа информатичка опрема, неопходни за извршување на секојдневните училишни активности. Вкупната донација е во вредност од приближно 400 илјади денари. „Веруваме дека напорите кои ги вложуваме во унапредување на условите во рударскиот образовен систем, ќе обезбедат квалитетен кадар кој е неопходен за развој на оваа индустриска гранка. Централ Азија металс е посветен на долгорочниот развој на Рудникот САСА и на целокупната рударска индустрија…
Во спортската сала во Автокоманда Бошко Стаменковски го собори светскиот рекорд кој го имаше Викар Кумар од Индија со 66 склекови кој го направи на ден 31.10.2018 година каде што нашиот Стаменковски под будното око на повеќе контролори во права форма со заклучување направи правилни 77 склекови за една минута со исправени лактови. Настанот е во организација на Champion House Macedonia. Инаку на сето ова претходеше гледање на снимката на претходниот рекордер Кумар, а потоа Стаменковски во доминантен стил пред домашна публика ја оствари својата цел. Видеото од настанот можете да го видите на Instagram налогот на Бошко Стаменковски или…
Фронтален систем од север ќе биде кривецот за наглата промена на времето кај нас која треба да се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник особено претпладне кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, услови за провејување на снег ќе има и на пониските места особено во северната половина на државава а сето ова ќе услови значително опаѓање на температурите на воздухот (за околу 10тина степени). Веќе во вторник максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во југоисточните предели од државава, веќе…
Македонска Каменица, 22.12.2018 година – Денеска во присуство на бројни граѓани на Македонска Каменица и регионот беше отворен првиот Жито Маркет во нашиот град. Со пригодна свеченост заедно со каменичани компанијата „Жито Маркет“ го прослави својот 56 маркет по ред во Македонија и прв во Македонска Каменица. Станува збор за супер- маркет од 270 m2, кој секој ден во неделата од 07:30 часот до 21:00, ќе ги опслужува потрошувачите од Македонска Каменица со врвна услуга и широка лепеза на производи. Маркетот вработува 10 лица од Македонска Каменица, кои во изминативе месеци работеа и беа обучувани според високо поставените стандарди на компанијата.…
Сторија на fakulteti.mk за нашиот сограѓанин Ванчо Стојановски кој живее и работи во Ливињо, Италија
Нашиот сограѓанин Ванчо Стојан веќе 17 години живее во прекрасното местенце и работи како шеф во врвен ресторан на 2.700 метри надморска височина, а пред неколку години станал и сомелиер. Замислете дека сте на прекрасните Алпи, во мало италијанско гратче во близина на Швајцарија, во некое топло местенце опкружени со луѓе што ги сакаат зиматa, скијањето, белината, чистиот воздух. И тамам кога размислувате дали ќе се разберете со Италијанците (зашто малку тешко им оди со англискиот), некој ви се обраќа на вашиот мајчин јазик и ве прашува: „Вие, од Македонија сте?“ И ајде, ќе си речете, тоа е само на…
