Возач возел на ризик по автопатот Штип – Миладиновци кој се уште не е пуштен во употреба. Завршил во одводен канал покрај необележаниот и неосветлен автопат. Причина за ова веројатно била густата магла која таа вечер ја имаше во регионот, поради што возачот изгубил контрола и завршил во каналот.

За среќа, поминал само со телесни повреди и сам повикал помош. Доколку сообраќајката била од поголеми размери, можело да се случи и со денови никој да не го најде, зашто автопатот не е пуштен во употреба и оттаму возила минуваат ретко.

Ова е една од петте сообраќајки кои викендов се случија на територијата на СВР – Штип. Останатите се со материјална штета, а за две од нив виновни се животни. Во едниот случај куче, а во вториот овца, кои истрчале пред возилата и завршиле во нив.
