Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 ќе се продава за 61,50 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе чини 63,50 ден/лит. Новата цена на дизелот, пак, ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 47,00 денари. За 1,78 денари поевтинува и мазутот и ќе чини 30,037 денари за килограм.
Author: Media Point
Кривична пријава за сторено кривично дело „измама” против лицето Д.К. (31) од Неготино. Според надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, во период од 19.09.2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари, околу 4 илјади евра.
Денеска времето ќе биде врнежливо, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Дневните температури ќе бидат во Скопје, Кавадарци и Охрид 7 Целзиусови степени, Каменица 5, Маврово и Берово 3, Битола 6, Крива Паланка 4, Дојран 10… Временската прогноза за утре е сончево, но студено со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 0 во Маврово и Берово, Охрид 2, Каменица, Битола и Крива Паланка 4, Скопје 5 до 6 во Кавадарци и 7 во Гевгелија.
(содржината во целост е пренесена од текстот објавен на официјалната веб-страна на фудбалскиот клуб Каменица – САСА) ВчераСпортската Сала во Македонска Каменица, најмладите категории на ФК Каменица Саса одиграа натпревари во мал фудбал со екипи на ФК Младост Тошев. Ова се резултатите од вчерашните натпревари : У-12 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев 7:0 У-10 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев 3:2 У-8 ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев 6:2 Јунак на викендот е Климент Трајков, кој постигна два гола и исто толку асистенции.
Православните христијани денеска го слават делото на Свети Климент Охридски. Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо. По тој повод во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа литургија на која присуствуваа голем број верници. Говор оддржи и митрополитот повардарски (господин) Агатангел, кој рече дека кога Климент Охридски го водел македонскиот народ, тој бил поблиску до бога. Во Собранието беше доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“. За остварување во областа на вопитанието и образованието им беше доделена на просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи. Режисерот Владимир…
Македонска Каменица, 08.12.2018 година – Несовесните граѓани во Македонска Каменица не престануваат со уништување на новопоставената урбана опрема во градот. Како да беше малку што во изминативе денови кога беа уништени над десетина млади дрвјени садници, па таквото однесување продолжи со уништување на новопоставените тротоари, пешачки патеки и останата урбана опрема во Македонска Каменица. Нашиот објектив забележа уништени тротоари од “бехатон” плочки и “ивичњаци” од истите, на повеќе места во градот. Состојбата е најлоша на улиците Самоилова и Гоце Делчев, каде граѓаните за плус паркинг место ги преминуваат тротоарите и паркираат во тревните површини позади нив. Од фотографиите во прилог…
На 07.12.2018 година во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Македонска Каменица, 08.12.2018 година – Денеска во попладневните и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Утринските температури ќе се движат од -7 до 0 степени, а дневните од 7 до 14 степени. Во Каменица температурата ќе се движи од -6 до 9 степени. Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на…
Никола Илиевски е играч со стандардна позицијата на лев бек. Почетоците и љубовта кон ракометот ги започна пред неколку години во РК Делчево. Сега е еден од најдобрите поединци во пионерската екипа на Вардар, каде со добрата игра и неколкуте погодоци по натпревар, Анакиевски се истакна уште во првата сезона за својот тим. Последното коло го одбележа со 4 погодоци против скопски Аеродром. По завршувањето на основното училиште во деветолетката Св.Климент Охридски во Делчево, Анакиевски средното училиште го продолжи во спортската академија Вардар каде ги има сите услови кои може да ги посака еден млад ракометар. Mинатата сезона беше еден…
Бошко Стаменковски патува на Street workout првенство во Ајдховен ,,Европски Куп Калистенија” Бошко Стаменковски е подготвен да ги брани боите на нашата држава на Европскиот Куп во калистенија (Calisthenics Cup) кој ќе се оддржи на 08.12.2018 и 09.12.2018 во Ајндховен, Холандија Во текот на претходните неколку години во Ајдховен, Холандија се одржува еден од најголемите Street workout натпреварувања каде во просек ги следат околу 10.000 публика во девет најразлични дисциплини, а освен натпреварување ќе има и многу забава, квалитетна храна и посета од многу други познати спортисти. Од Македонија имаме свое учество во името на тимот на Champions House Macedonia, во…
