Веке три месеци, на вториот кат од Трговскиот центар во Штип живее шеесет годишен штипјанец од населбата Баби. Таму има покрив, завет е, а и фрекфенцијата од луѓе е помала.
Бескуќникот спие на двослоен стиропор, а покривачи му се последните стари черги со кои заминал од дома. Наредниот ден откако на коцка изгубил сé што имал во животот:
„Три месеци сум овде, сам се снаоѓам за храна и за сé друго. Дојдоа од Социјалното рекоа ќе дадат социјална помош, зама не и сместување“, рече штипскиот бездомник.
Без оглед на животната одлука што ја донел, сега ова лице е грижа на заедницата и институциите, зашто на друг во животот нема на кој да се потпре:
„Мора некој да му помогне инаку еден ден ќе го најдат мртов“, вели жителка на о. Штип.
Независно од причините кои од овој човек го донеле на улица, институциите мора да реагираат соодветно и веднаш:
Општина Штип може да понуди тоа лице да биде сместено во конаците на миријанина црква во Штип каде што се сместени повеќе лица се додека центарот за социјални грижи не порнајде сместување. Морам да изразам и голема благодарност до вас медимите за соработката да им помогнеме на ваквите лица„ Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип)
Во меѓувреме , од Центарот за социјални работи најавија дека на ова лице ќе му биде доделен паричен надомест, а ќе се преземат и сите мерки кои се во нивна надлежност.
Овој пример е последен во низата кога поради лоши проценки или одлуки , луѓе губат се во животот. Штип во минатот, имал многу такви примери, а најпознат е бездомникот кој своевремено спиел под спортскиот терен. По него народот и ден денес овој објект го нарекува Џексон, како што бил прекарот на човекот кој последните години од животот ги поминал свиткан под трибините.
