Author: Media Point

Делчево, 29.11.2018 година – Сопственик на фирмата „Млечна индустрија” во Делчево испуштал отпадни води со хемиски агенси во водите на реката Брегалница, утврдила истрагата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н. (37) од Скопје, управител на правното лице поднесе кривична пријава за загадување на добиточна храна или вода. Според полицијата, на 25 јули годинава од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница испуштени се отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на…

ПОВЕЌЕ ...

Се зголемува интересот за пчеларството во Пијанец. Ако пред неколку години младите пчелари беа недоволно едуцирани сега ситуацијата, особено во регионот на Македонска Каменица е обратна. Како што вели пчеларот Младен Николовски од Здружението Еко Кам Мед, освен што сега многу повеќе се знае за пчеларството, се поголем е бројот на припаднички од понежниот пол кои се вклучуваат во процесот на одгледување пчели. -Нашето здружение постои веќе две години. Почетоците беа интересни, затоа што имаше многу неедуцирани членови. Сега после две години имаме многу млади пчелари, сосема е друго и пчеларењето и се работи на посовремен начин. Веќе се знае…

ПОВЕЌЕ ...

Книжевност Искра Гешоска Заврши епохата на вредносни вертикали кои можеа да ги вкоренат културните патокази на ова парче земја. Се збогуваме со последното парче на добро подготвена почва, со најрафинирано ѓубриво; од овде натаму, три пати треба да помислиме дали ќе имаме капацитет да засадиме кавлитетно семе, да го култивираме, па да изрти во убав плод. Ако Блаже Конески беше самиот јазик, тогаш Петре М. Андреевски и Горан Стефановски беа двете најплодни, најразлиситени и највитални гранки на неговото сеопфатно стебло. Јазичната и мисловна виспреност на нашиот Горан Стефановски ни покажа како се мисли богатството на светот и на културите од Цепенков…

ПОВЕЌЕ ...

Теориите на заговор се сѐ поприсутни затоа што непречено се шират по социјалните мрежи, па социолозите истражија кои се луѓето што не веруваат дека луѓето слетале на Месечината. Резултатите од истражувањата ги шокираа научниците со својата иронија затоа што открија дека 90 проценти од луѓето што не веруваат во слетувањето на Месечината – се паднати од Марс. Оние што се паднати од Марс не знаеле да одговорат на едноставни прашања од општа култура како што се: „Која година луѓето слетале на Месечината?“ и слично. Засега не е познато дали таквите доживеале губење на помнењето кога паднале од Марс или никогаш…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Утре, во Спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, со почеток од 15:30 часот ќе се одржи настан на кој наставниците по физичка култура и здравствено образование ќе се обидат преку игра, дружење и предавања да ја подигнат свесноста кај учениците за дијабетесот како болест. Во рамки на одбележувањето на настанот во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, покрај стручно предавање за учениците, ќе биде организиран и спортски турнир во кој ќе учествуваат ученици од 2006/07 генерација. Истите ќе се натпреваруваат во два спорта, футсал (машки) и ракомет (женски). Организатори се наставниците за физичка…

ПОВЕЌЕ ...

Академик Горан Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“ (Фото: Од личната архива на Стефановски) Горан Стефановски, еден од најреномираните македонски драмски писатели, почина по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше изминативе децении, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК извори блиски до семејството. Имаше 66 години. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од…

ПОВЕЌЕ ...

Најавите на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов дека ќе ја затвори Агенција за Бугарите во странство која дели пасоши внесе вознемиреност кај Македонците кои имаат или пак се надеваат дека ќе дојдат до патна исправа на источниот сосед. Голем дел од нив веќе се распрашуваат што ќе биде со парите што ги имаат и со процедурата која е во тек. Според посредниците, сите процедури најверојано ќе бидат стопирани се додека бугарските власти не одлучат што понатаму. Македонците за да дојдат до бугарски пасош најчесто плаќаа од 500 до 5.000 евра а постапката почнуваше со вадење на потвдра односно т.н Удостоверение…

ПОВЕЌЕ ...

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат само со навршен пензиски стаж Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник на Р.М. Согласно ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика преку Владата на Р.Македонија изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.11.2018 година – Во Македонска Каменица започна поставувањето на нови и со замена на оштетените сообраќајни знаци во централното градско подрачје. За набавените 76 нови сообраќајни знаци и 76 столбови општина Македонска Каменица ќе издвои 115.292,00 денари. Со поставувањето на сообраќајните знаци на најфрекфентните раскрсници во градот, дополнително ќе биде зголемена безбедноста, како на пешаците така и на сите учесници во градскиот сообраќај.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 27.11.2018 година – Временската прогноза за денеска е – променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Македонска Каменица, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци и Дојран 15, Маврово 7, Прилеп 13, Охрид 12. И утре времето ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, но со слаб интензитет. Дневните температури ќе се движат…

ПОВЕЌЕ ...