Author: Media Point
Кај тинејџерките има двојно поголема веројатност за појава на симптоми на депресија поврзани со користењето на социјалните мрежи отколку кај момчињата, најмногу поради интернет-малтретирањата, нарушувањето на спиењето, незадоволството од сопственото тело и падот на самодовербата, покажуваат најновите истражувања. Во истражување, во чии рамки биле анализирани податоци за речиси 11.000 млади лица во Велика Британија, истражувачите заклучиле дека 14-годишните девојчиња се почести корисници на социјалните медиуми, меѓу кои две петтини ги користат социјалните медиуми повеќе од три часа на ден, додека истото го прават една петтина од момчињата. Студијата покажала дека 12 отсто од умерените корисници на социјалните мрежи и 38…
Неможноста за напредок во Македонија биле пресудни Ивона од Делчево да почне да размислува да гради кариера надвор од татковината. Шанса видела во професија која носи динамичен живот, и е сѐ, само монотона не. Поддршката од семејството и била поттик па иако e дипломиран толкувач по германски и англиски јазик и била во работен, решава да тргне во освојување на светот. Таа во моментов работи како стујардеса и е дел од тимот на една од најголемите авиокомпании Катарс ервејс. Големите попусти на тикетите и овозможуваат често да доаѓа во родниот крај а од јуни 2017год., Катар Ервејс воведе директна линија од…
Делчево, 07.01.2019 година – Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево рано изутрината се одржа света божествена литургија по повод Христовото раѓање – Божик. Со поздравот „Христос се роди“ протоереј Атанас Поповски, упатувајки богопослание за мир и благослов пред верниците истакна дека Божик е матица на сите други христијански празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. -Со рождеството на Витлеемскиот богомладенец се објави неповторлива радост за светлина, светлината на разумот и се благослови вистината дека Бог од љубов се роди како човек и како богочовек. Во Синот Божји го видовме образот на совршениот човек и…
Мила им е Европа на Балканците на збор, но во срцето уште им е само Балканот. И сите негативни нешта што го одликуваат прочуениот „балкански менталитет“ Сликата за Западна Европа од прочуеното дело на германскиот писател Ерих Марија Ремарк, „На Запад ништо ново“, денес за луѓето во Западна Европа е далечна историја. Не само затоа што измина еден век од Првата светска војна. Во романот, кој, барем за мојата генерација, во гимназијата беше задолжителна литература, Ремарк го опишува ужасот на таа војна низ доживувањето на осумнаесетгодишниот германски војник Паул Бојмер. Тој, како и илјадници млади Европејци, тогаш од гиманзиските…
Во зима кожата почнува да го губи својот сјај и да станува сува и осетлива. Ова се неколку работи со кои несвесно ја оштетувате кожата. Долго туширање под жешка вода Долгото туширање под жешка вода може да ве опушти, но ќе ви ја исуши кожата. За време на ладните месеци туширајте се пократко и не користете премногу топла вода, за да не ги отстраните сите есенцијални масла од кожата. По можност, користете и непарфимирани сапуни. Користите премногу тоник Тоникот за лице е одлично средство за повремено освежување на изгледот на кожата додека е топло времето, но не и кога ќе…
Ниските температури и студениот ветер предизвикаа хаос и неред низ цела Европа. Најтешко е во Германија, Швајцарија, Австрија и Грција, а влошување на ситуацијата се очекува да има во Турција и низ балканските земји. Поради обилните врнежи на снег во Германија одложени се најмалку 120 летови додека околу 70 стигнаа со задоцнување од повеќе од 1 час и тоа само на аеродромот во Минхен. Прекин има и во железничкиот сообраќај поради паднати дрва на шините. Како резултат на лошите временски услови вчера во Грција една жена беше пронајдена мртва, додека двајца други мажи беа исчезнати откако голема снежна бура погоди…
Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, -9 во Македонска Каменица, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија, -6 во Претор, минус пет Охрид, -4- Тетово, Скопје Петровец и Куманово, Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и…
Денес повторно сме сведоци на бран на вести за брутално насилни убиства кои се случуваат во семејството, на улица, помеѓу врсниците. Но, ние сме толку отупени и толку преплавени со насилство и лудило од различен тип што сето тоа поминува и се заборава после само неколку дена. А монструозните случаи се менуваат како на трака. Најлошо е тоа што толку брутални убиства повеќе не се некоја посебна тема со која би требало да се занимаваат општеството, политичарите, институциите или медиумите. Ретки се и медиумите кои реагираат на овој најнов бран и бараат мислење од експертите, со кои би кажале дека…
Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божик, денот на Христовото раѓање. Обичаите што се изведуваат на овој празник се остатоци од минатото, но поголемиот број од нив се исчезнати, а ние денес за нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали како што се браќата Миладиновци, К. Шапкарев, Е. Спространов, В. Икономов, М. Цепенков и многу други. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните…
04/01/2019 22:01 Вечерва на патот Велес – Штип се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа 6-7 возила. Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица. „Кај местото Три Чешми во услови на снег и лизгав коловоз се случила сообраќајна незгода во која учествувале 6-7 возила. Најпрво едно возило удрило во столпчиња, а во него потоа се случил верижен судир. Три лица се со полесни повреди.…
