На новогодишната ноќ хрватската полиција уапсила македонски државјанин , кој по автопатот во близина на Нова Градишка возел со рекордна забележана брзина од 254 км/час.
Македонскиот државјанин во близина на Нова Градишка бил запрен од полицијата , откако било регистрирано дека вози со рекордни 254 км/час. Тој возел автомобил со германски таблички .
Полицијата го исклучила од сообраќај и му определила парична казна. Исто така на еден месец му забраниле да управува возила од Б категорија.
Полицијата соопштува дека возачот на 31 годишна возраст , македонски државјанин, бил запрен во вторникот во 12.45 часот. Идентитетот на македонецот не се соопштува.
