Македонска Каменица, 18.12.2018 година – 63 годишниот Стоиле Столиов од селото Цера во Штипската клиничка болница е спасен во последен момент. Него, премрзнат и немоќен го пронашол непознат во дворот од шупата каде што Стоилов живеел сам без храна и огрев.

„Непознато лице го донело во болницата, и веднаш е прегледан од страна на интернистите. Моментално е во стабилна состојба, но примен е во тешка здравствена состојба, така да е болнички згрижен, ја прима потребната препишана медицинска терапија и е под подстојан надзор на лекарите од Интерното одделение, изјави Марина Шуманска – портпарол во Клиничка болница Штип.
Пред да биде пронајден, Стоилов се греел на отворено, но уморот и долгата безсоница го совладале, па се обидел да се засолни во блиската шупа.

„Пред да ме донесат тука, бев легнат пред една шупа, оти вратата не се отвораше на шупата. Од таму ме земаа, па дома ме однесоа. После, тука у болница ме донесе еден човек, не го познавам, но мислам дека е еден од моите соседи“, изјави премрзнатиот Стоиле Стоилов.
Сега, Стоилов за извесен период е згрижен но неговата животна иднина енеизвесна. Најевројатно до празниците тој болницата ќе мора да ја напушти поради што утре ќе го посети социјален работник. Тој на Стоилов веројатно ќе му понуди покрив и барем еденоброк на ден сé до одминувањето на ниските температури.
