Општина Македонска Каменица, наредната година ќе се фокусира на проекти кои се насочени кон заштеда на енергија и пари. Приоритет на Општината ќе бидат т.н. енергетски ефиксани градби и инвестиции:
„Веќе подготвуваме проектна документација заенергетска ефикасност на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а изготвен е и проект за изградбана противпожарна кула за рана детекција на пожари. Во напредна фаза сме и зареализација на проектот за промена на старото улично осветлување со новоенергетски ефикасно лед осветлување. Имаме нови проекти за поставување нафотоволтаични панели на ООУ „Св.Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ иЈОУДГ „Бамби“, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на о. Македонска Каменица.
