Триесет и две годишник со иницијали Д.А од Злетово си го одзел животот откако на граничниот премин Делчево бил фатен со дрога, по што ја проголтал.

Сега веќе починатиот со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака, се пријавил за влез во Република Македонија на граничниот премин Делчево синоќа во 19:15 часот заедно со неговиот совозач, инаку 18 годишно лице од Пробиштип.
Граничните служби извршиле преглед на личниот багаж на лицата при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. За време на постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал.
Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
