Author: Media Point

Вчера во 12.00 часот во ПС Кочани, од Итната медицинска помош Кочани е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Водата од водоводот во виничкото село Градец е неисправна за пиење, поради што е издадена забрана за нејзина употреба. Анализите на земените примероци што ги направил Центарот за јавно здравје од Кочани покажале поголемо присуство од законски дозволеното на вкупниот број бактерии во еден милилитар вода. -Поради бактериолошката загаденост на водоводот, препорачавме жителите од ова село за пиење да користат флаширана вода, а за другите потреби водата од чешма да ја превриваат. Исто така, доставивме известување до надлежните во локалната самоуправа на Виница да преземат мерки за редовно дезинфецирање со резидуален хлор од 0,2 до 0,5 милиграми на литар. Од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 04.12.2018 година – Во текот на изминатиот викенд се уништени повеќе од десетина млади садници на листопадни дрвни видови во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Од Јавното претпријатие “Камена Река” најавуваат остри казни за несовесните учесници во овој вандалски чин. До граѓаните упатуваат молба за поголема совест во однос на одржувањето на урбаната опрема и животна средина во градот. Ваквата и слична, несакана забележана појава во иднина, апелираат да биде пријавена кај надлежите органи. Ова е втора по ред појава на вандалско однесување на несовесни “граѓани” со причинета значителна материјална штета, по пријавеното уништување на урбаната опрема на градскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Моќно до наежување: 400 деца ја пеат „Само да рата не буде“ Отворањето на реконструираниот Дом на културата во Плевља беше одбележано со богата програма, а она што остави најмоќен и најголем впечаток беше спектакуларната изведба на „Само да рата не буде“ од 400 дечиња од плевљанските градинки и основни училишта – снимка и изведба која ќе ве наежи. Инспиративната и моќна хорска изведба на фрагмент од познатата песна на Ѓорѓе Балашевиќ „Само да рата не буде“ предизвика бура од позитивни реакции, воодушевувања и пофални коментари на социјалните мрежи. Можеме само да си замислиме колку било моќно и торжествено да…

ПОВЕЌЕ ...

Една од иницијативите  е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати… Луѓето кои го познаваа и го знаат неговото значење сметаат дека е еден од најголемите амбасадори на Македонија и македонската култура, бидејќи неговите драми се поставувани насекаде во светот. Токму од тие причини ненадејната смрт на големиот македонски драмскиот автор Горан Стефановски, покрена лавина иницијативи на социјалните мрежи со многубројни предлози на…

ПОВЕЌЕ ...

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста Богородица. Се празнува на 21 ноември, односно 4 декември по нов стил. Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век.…

ПОВЕЌЕ ...

Непосредно откако Лука Модриќ ја доби наградата „Златна топка“ за 2018 година, организаторот „Франс Фудбал“ подготви мало изненадување за Хрватот. Членот на Реал Мадрид првата честитка, по видео порака ја доби од претседателката на Хрватска, Колинда, но она што следеше во продолжени беше главното. Со претходно снимена порака во момент кога им кажуваат дека синот е прогласен за број еден, се пренесуваар реакциите од родителите на Лука. Говореше неговиот татко кој не ги задржа солзите, како и неговата мајка. „Сине, јас сум најгордиот татко на светот, ти си моја генија. Пресреќен сум, не можам повеќе. Јас, твојата мајка, цела фамилија…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.12.2018 година – Вчера, екипите на КК Баскет Кам одиграа значајни и тешки натпревари од натпреварувањата во Првата женска и Втората машка лига од кошаркарското првенство на Македонија. Се одигра и првиот натпревар од младинската М-12 лига. Значајна победа на гостински терен против КК Спарта Скопје извојува машката екипа на КК Баскет Кам во склоп на натпреварувањата од Втората македонска кошаркарска лига. Водството и контролата на резултатот што го имаа во текот на целиот натпревар, на крај го крунисаа со победа од 66:74 кошеви. Можеме да кажеме дека одличниот натпревар, во кој сите одиграа на висина на задачата, најефикасни…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 03.12.2018 година – По повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, градоначалничката Соња Стаменкова денес во својот кабинет ги прими лицата со посебни потреби, вработени во Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и дел од хуманитарните работници во општина Македонска Каменица кои во рамките на своето работење ја опфаќаат оваа група на граѓани. Општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Стаменкова во рамки на своите овластувања и програмски определби, како врвен приоритет кон подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби. и нивната интеграција во општеството. Тоа општина Македонска Каменица, го…

ПОВЕЌЕ ...

Повеќе од половината од прометот во делчевските дуќани и на Градскиот пазар во саботите го прават гостите од Бугарија, кои редовно во Делчево се задржуваат и на ручек или вечера, некои и ноќеваат, што го живнува подиспразнетиот поради иселувањето пограничен град, но делчевци со право сметаат дека треба да се преземат чекори за збогатување на туристичката понуда за да се обезбедат уште повеќе гости и подобар финансиски ефект. Пишува: Љупчо Шатевски Последниве години Делчево, град на крајниот македонски исток оддалечен десет километри од македонско-бугарската граница и 35 од Благоевград, за викенди е полн со гости од соседна Бугарија. Трендот продолжува…

ПОВЕЌЕ ...