
Македонска Каменица, 03.12.2018 година – Вчера, екипите на КК Баскет Кам одиграа значајни и тешки натпревари од натпреварувањата во Првата женска и Втората машка лига од кошаркарското првенство на Македонија. Се одигра и првиот натпревар од младинската М-12 лига.

Значајна победа на гостински терен против КК Спарта Скопје извојува машката екипа на КК Баскет Кам во склоп на натпреварувањата од Втората македонска кошаркарска лига. Водството и контролата на резултатот што го имаа во текот на целиот натпревар, на крај го крунисаа со победа од 66:74 кошеви. Можеме да кажеме дека одличниот натпревар, во кој сите одиграа на висина на задачата, најефикасни беа Дарко Гоцевски со 30 поени, Александар Тодоровски со 24 и Борјан Панов со 13 кошеви.

Најмалите пак, кошаркарите на КК Баскет Кам до 12 години, во категорија М-12 извојуваа победа против КК Гостивар со резултат 45:29. Најпрецизен во домашната екипа беше Виктор Попов со 17 поени.

Најефикасни кај поразената екипа на ЖКК Баскет Кам во борбата против моќниот Вардар беа Моника Зафировска со 21 и Стефани Колева со постигнати 15 кошеви. Наредното коло од Првата македонска кошаркарска лига, женската екипа на Баскет Кам ја игра во Крива Паланка, каде девојките ги очекува интересно и возбудливо гостување.

