Author: Media Point

Пензиoнерите куртулија од електронското регистрирање во системот на Управата за јавни приходи. Тие се ослободени од оваа обврска во следните седум години, односно до 2024-та година. Ова за однесува единствено на тие што немаат дополнителни примања. Околу 45 000 пензионери, пак, кои освен пензијата имаат приходи по друг основ, сепак ќе мора да се регистрираат во системот на УЈП. “Регистрирањето еднаш се прави и тоа трае за целиот период понатаму. Проблемот, ако е тоа проблем, меѓутоа не може така да го дефинирам, дека мораат граѓаните да доаѓаат повторно со цел да се верификува целиот оној процес за да го заштитиме…

ПОВЕЌЕ ...

Сега можете да гледате десетици филмови бесплатно на YouTube. Во октомври гигантот тивко додаде околу 100 долгометражни филмови за кои не мора да плаќате претлата за да ги гледате. Единствениот проблем е што ќе мора да издржите и да ги гледате и неколкуте реклами. Категоријата „Free to watch“ вклучува најчесто постари филмови, но има и некои култни класици и познати наслови како што се „Rocky“, „Legally Blonde“, „The Terminator“ и „Four Weddings and a Funeral“. Рекламите ќе се појавуваат без некој редослед во текот на филмот. За да проверите кои филмови можете да ги гледате бесплатни, одете на YouTube и изберете…

ПОВЕЌЕ ...

Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Истата, за прием ќе биде отворена секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот. Основна дејност на канцеларијата е прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти. Отворањето на канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето е помогнато од општина Македонка Каменица, истата се наоѓа на вториот кат од општинската административна зграда. Во канцеларијата е вработено стручно лице, дипл. иженер – агроном, се со цел доближување…

ПОВЕЌЕ ...

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел. Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот. Постојат многу…

ПОВЕЌЕ ...

Владата ги зголеми средствата за вториот повик за печките на пелети. По денешната седницата, Владата соопшти дека ги зголемила средствата за поддршка на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14.000.000, на 21.000.000 денари. Владата го задолжила Министерството за економија да објави втор јавен оглас каде право на аплицирање ќе имаaт сите домаќинства кои купувале печки на пелети во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година.

ПОВЕЌЕ ...

Поради зголемена потреба од работници, деловниот субјект Амфенол – Кочани организира „Отворен ден“ за граѓаните на општина Македонска Каменица. Заинтересираните лица ќе можат во петок на 23 Ноември 2018 година, со почеток од 16:00 часот, во просториите на Дом на култура – Македонска Каменица одблиску да се запознаат со предностите, работните практики и начинот на функционирање на компанијата. Да добијат детални информации за условите, придобивките и поволностите кои компанијата ги нуди за своите вработени. Промотор и организатор на инфо средбата е Агенцијата за вработување на Република Македонија и деловниот субјект Амфенол – Кочани. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Најголемиот производител на кондиторски производи, винички Макпрогрес, почна да користи соларна енергија во процесот на производство. На покривот од фабриката , веќе е инсталирана фотоволтаична централа со моќност од 270 KW, која создава дел од неопходната енергија за работа во погоните. На овој начин, фабриката инвестираше во поекономично производство и заштеда на енергија, но и во заштита на животната средина: „… Македонија како земја е зависна од увоз на електрична енергија. Истовремено многу малку создава  енергија од обновливи извори, од сонце, вода и ветер, која на краток рок можеби е поскапа, но долгорочниот ефект врз животната средина е непроценлив. Македонското…

ПОВЕЌЕ ...

Ќе се проверуваат бугарските пасоши на околу 10.000 Македонци. Проверката ги опфаќа сите пасоши издадени во последните 5 години. Наредбата за контрола на пасошите доаѓа директно од бугарскиот премиер Бојко Борисов, по скандалот со примање мито за издавање на пасоши на странци кои веќе извесен период ја тресе Бугарија. Контролата ќе ја вршат припадници на Министерството за внатрешни работи и Државната агенција за национална безбедност, а освен на Македонците , ќе бидат проверувани и пасошите на граѓани на Молдавија, Украина и Косово. Борисов инсистирал на итна ревизија, по што побарал резултатите да му бидат доставени лично. Што ова ќе значи…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 21.11.2018 година – Државата со пари ќе ги поттикнува земјоделците да се организираат во  земјоделски задруги.  На овој начин  би требало да се модернизира македонското земјоделство и да се зголеми неговата конкурентност: „Наша цел е да поттикнеме модернизација на македонското земјоделство и зголемување на неговата конкурентност. Со развојот на земјоделските задруги го постигнуваме токму тоа. Овозможуваме здружување на земјоделските производители, со што им следуваат бројни економски и социјални придобивки. Ова е значаен проект за македонското земјоделство, бидејќи со развојот на земјоделските задруги следуваат бројни економски и социјални придобивки за земјоделците, изјава Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.…

ПОВЕЌЕ ...

Актуелните состојби во работењето на земјоделските задруги се тема на денешната Трета сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. На дебатата се очекува да бидат отворени и прашања поврзани со специфичностите на пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 11. Ќе учествуваат претставници на институции, земјоделски здруженија, задруги и стручни лица, а најавено е и присуство на директорот на Хрватското задружно претприемништво, Томислав Клариќ, кој ќе ги сподели позитивните практики од земјите-членки на Европската Унија. Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија е форум на експерти и претставници на владини и невладини институции и…

ПОВЕЌЕ ...