Македонска Каменица 14.11.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со градежни активности за уредување на нов паркинг простор и пристапните патеки до стамбените објекти на новата улицата Пере Тошев. Вкупна квадратура на просторот уреден со бехатон плочки ќе биде 350 метри квадратни. Со тоа се добиваат над 20 уредени паркинг места и пристапни патеки со ширина од 4 метри до влезовите на околните згради.

Просторот додатно ќе биде уреден со урбана опрема, клупи, улично осветлување (канделабри), корпи за отпадоци, пешачки патеки околу стамбените објекти и до детското игралиште кое се наоѓа во непосредна близина. Изведувач на активностите во склоп на договорот за Бетонски градежни активности и партерно уредување на урбани површини е Класик Компани 2010 од Охрид.

Со ова, покрај уредувањето на просторот со урбана опрема и зеленило, ќе се реши и досегашниот проблем на граѓаните кој го имаат околу пристапот до своите домови.
