Македонска Каменица 14.11.2018 година – Во завршна фаза се интензивните градежни активности поврзани со изградбата на улица Вера Јоциќ во Македонска Каменица. Дел од улицата Вера јоциќ со вкупна должина од 471 метар се реконструира, каде ќе биде поставен нов тампон и асфалт, а на останатиот дел од истата станува збор за нова улица. Во тек е финалната фаза од потребните подготвителни подземни градежни активности и поврзувањето на атмосферската каназилација долж улицата.

Веднаш по завршувањето на поврзувањето фирмата изведувач Коле транс Инжинеринг од Штип ќе продолжи со потребното тампонирање и припреми за асфалтирање на улицата Вера јоциќ.

Како што и порано пишувавме, општина Македонска Каменица со изградбата на оваа улица ќе го олесни пристапот и движењето на жителите од овој дел на градот, особено со тоа што оваа улица се поврзува со меѓународниот пат Штип – Граничен премин Делчево, а поминува преку Македонска Каменица, Кочани и Делчево.

