Author: Media Point

Во чест на промоцијата што каменичанецот Бошко Стаменковски ја има направено за Пауер-лифтинг спортот, Стаменковски од страна на организаторите доби неколку благодарници и дипломи. Пауер-литинг (Power-lifting) претставникот на Македонија, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица и овој пат ги освои сите награди на натпреварот што се одржа во Крагуевац, Србија. Каменичанецот Бошко Стаменковски, минатата недела присуствуваше на семинар и натпревар во Пауер Лифтинг во Србија, каде имаше можност да ги покаже своите несомнени квалитети и способности. Во натпреварувачкиот дел беше поделен во неколку категории и тоа: згибови, пропаѓања и склекови, како и апсолутна категорија. Стаменковски на крај ги собра сите…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во дворот на гимназијата Миле Јаневски – Џингар во Македонска Каменица  беше пуштен во употреба спортски терен со тартан подлога кој е прв од ваков вид во Макеоднија. Изградбата на теренот се реализираше на иницијатива на општина Македонска Каменица преку заеднички проект со Рудник САСА.   Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова во рамки на денешното свечено пуштање во употреба на игралиштето, рече дека спортскиот терен е капитална инвестиција која најмногу ќе ја користат најмладите и спортистите.   -Остваривме и други проекти, ама некако овој ни е најдраг и најмил, затоа што игралиштето ќе го користат најмладите и спортистите,…

ПОВЕЌЕ ...

5.400 вакцини против сезонски грип до крајот на неделава ќе бидат дистрибуирани  до центрите за јавно здравје во Штип и Кочани. Од нив , 2300 дози се наменети за Штипскиот центар  кој ги покрива Штип, Карбинци и Радовиш, а 3.100 дози за кочанскиот, каде спаѓаат Македонска Каменица, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Пехчево. Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Една вакцина годинава ќе чини 600 денари. Исклучок се лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија…

ПОВЕЌЕ ...

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2018/2019 годин Институција која огласува: Министерство за образование и наука Рок на пријавување: 23.11.2018 Врз основа на член 49 став 1 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16 и 64/18) и член 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС за доделување стипендии…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство донесе одлука до Собранието да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, со кој ќе се укине плаќањето по учинок на здравствените работници.-Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот за плаќање по учинок на здравствените работници. Основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како  и да се создадат услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи, соопштија од Владата. Инаку лекарите уште пред…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.10.2018 г. –  Македонска Каменица станува дел од големиот општествено одговорен проект на  компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, каде денеска беше поставена 15-тата јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во употреба новото место за дружење и рекреација за жителите. За придобивките и значењето на новата „Coca-Cola Активна зона“ за жителите на Македонска Каменица, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, говореше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова. „Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници што продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства. Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и на Молдавија плаќале по 5.000 евра за лажна потврда, со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а се уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување. Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи. –…

ПОВЕЌЕ ...

Започна спроведувањето на Програмата за општинско корисна работа во која се ангажирани лица според потребите на Општината и граѓаните. Оваа програма по четврти пат се спроведува во нашата Општина, како проект на UNDP и АВРМ во соработка со општина Македонска Каменица. Како Лични асистенти во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се вклучени 3 лица, во Дневниот центар за лица со посебни потреби 4 лица, едно како воспитувач во Детската градинка Бамби, 3 инвалидни лица според потребите во советодавни услуги и осум лица за грижа на стари, изнемоштени и инвалидни лица. Лицата вклучени во Програмата за општинско корисна работа како лични асистенти се ангажирани на…

ПОВЕЌЕ ...

Здравстевна состојба на повредениот работник во рудникот САСА е добра, соопштија денеска од рудникот потврдуавјќи го инцидентот што се случил вчера. Од Рудникот, раководејќи се според стандардите и процедурите за безбедност и здравје при работа, ја информираа јавноста дека вчера во 3 часот и 23 минути, при редовно извршување на работни задачи во една од рудничките јами се случил одрон на парче руда при што еден работник се здобил со повреда – расекотина на натколеницата. – Постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во рудникот САСА, на повредениот работник веднаш, од страна на медицинско лице му била пружена…

ПОВЕЌЕ ...

На иницијатива на тренерскиот тим на КК Баскет Кам од Македонска Каменица, во текот на претходниот викенд, реномираниот тренер Ивица Јаковлевски одржа целодневен тренинг со над 20 играчи од клубот. За многубројните сертификати и меѓународни признанија на И. Јаковлевски како успешен млад тренер, пишувавме до сега. Значајно е да ја споменеме грижата за младите таленти во КК Баскет Кам од страна на стручниот тим во клубот и насоките во кои тие се насочуваат и развиваат, со цел прераснување во врвни репрезентативни кошаркарски имиња. Погледнете го краткиот видео спот изготвен од Ивица Јаковлевски, кој со импресии од одржаниот тренинг замина од…

ПОВЕЌЕ ...