Author: Media Point

Прв академски час за новата генерација студенти на државните универзитети во земјава. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, на новите студенти им порача дека е чест, но и голема обврска, да се припаѓа на најстариот и најголемиот универзитет во земјава, кој во оваа учебна година одбележува 70 години постоење. Посочувајќи на предизвиците кои им претстојат, Јанкуловски на новите студенти им порача дека со добивањето на препознатливиот црвен индекс, стануваат дел од реномираното академско семејство Новина во оваа академска година е почетокот на Еразмус плус студентска пракса, со што на студентите им се овозможува да стажираат во компании во земјите на Европската…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 26.09.2018 година – Утрово во 04:45 часот до ТППЕ во Македонска Каменица пристигна пријава за појава на пожар во село Дулица кај м.в Козинец. Зафатена е борова шума на површина од близу 2 хектари во пожарот кој е локализиран во 07:15 часот. Во непосредна близина на првиот пожар, во пладневните часови се појавува и нов пожар со посилен интензитет. Противпожарните екипи се на терен, пожарот иако е локализиран, сеуште е активен. Според одговорните лица од ТППЕ во Македонска Каменица, симпроматично е времето и местото на појава на пожарите, при што не ја исклучуваат можноста пожарите и во двата наврати,…

ПОВЕЌЕ ...

Иницијативниот Одбор, составен од делегати на Собранието на ОФС – Кочани, одржа седница на 23.09.2018 година, на која донесе Одлука согласно статутот на ОФС – Кочани и ФФМ за свикување, организирање и спроведување на Вонредно Генерално Собрание на ОФС Кочани на ден 21.10.2018 година (Недела) со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани. Иницијативниот одбор формира и Работна група, која се обврзува да свика, организира и спроведе Вонредно Генерално Собрание согласно Статутот на ОФС – Кочани и ФФМ во предвидениот рок и да испрати покани, дневен ред и матрејали за Собранието до: Делегатите на…

ПОВЕЌЕ ...

Во пехчевското село Негрево официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата, кој е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), координиран од Фармахем. Како што истакна пехчевскиот градоначалник Драги Тренчовски, со реконструкцијата на старата училишна зграда во село Негрево, внатрешниот и надорешниот дел се адаптирани за потребите на современ и интерактивен едукативен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира разновидноста на брегалничкиот слив. Како што информираше заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, изградбата…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 13 до 22 степени. Во Каменица ќе биде сончево со мала облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 18 степени. До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.

ПОВЕЌЕ ...

До крајот на годинава, Кочани ќе добие пречистителна станица. Ова, денес го најави амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сутер Тејада, која заедно со градоначалникот Илијев и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања, беа на увид на градежните активности : „Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на оваа година, а пуштање во работа да биде некаде во средината на идната година“, најави Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија. Во пречистителната станица кај Мојанци ќе бидат третирани отпадните води од Кочани и од околните села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители. Целиот комплекс ќе биде опремен со…

ПОВЕЌЕ ...

Комендијата „Вдовицата се мажи“ – претстава во изведба на театар Јордан Х.К. Џинот од Велес, утре со почеток од 19:30 часот гостува во Дом на култура – Македонска Каменица. Претставата е во режија и адаптација на Младен Крстевски и текст од „Мечка“ на А.П. Чехов Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски, се имињата на актерите кои го движат дејството на сцена. Влезниците со цена од 100 денари веќе се пуштени во продажба, истите можат да се купат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. *претставата е наменета за публика над 16 годишна возраст

ПОВЕЌЕ ...

Владата ги усвои предлог-измените на Законот за нотари и извршители со кои се намалуваат тарифите на нотарски и на извршителските услуги. Со предложените измени трошоците се намалуваат од 50% до 90%, а за дел од нив за кои претходно се плаќало, според новите измени, услугата ќе биде бесплатна. Предлог-измените во законите за нотари и извршители: „Доколку претходно вкупните трошоци кај нотарот биле 3490 денари за сметка од 3000 денари сега ќе бидат вкупно 550 денари. На сметка од 11,000 денари за струја и парно, услугата на нотарот била 1100 денари, сега со новите ограничувања ќе биде 500 денари.  Судската такса…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24.09.2018 – Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули престојуваше во работна посета на рудникот за олово и цинк САСА. Делегацијата која го посети рудникот ја сочинуваа службеници од ресорното министерство, како и од Управата за животна средина, кои беа придружувани од градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. За време на посетата, членовите на менаџерскиот тим на Рудник САСА, предводени од генералниот директор Олег Телној ги запознаа гостите со сите клучни аспекти од работата и развојот на рудникот, почнувајќи од технолошкиот процес, вложувањата во современа рударска опрема, структурата на вработените и грижата за нивната благостојба,…

ПОВЕЌЕ ...

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модрич беше избран за играч бр.1 на ФИФА за 2018 година. Плејмејкерот на Реал Мадрид го победи поранешниот свој соиграч во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул – Мохамед Салах. – Голема чест е да бидам тука пред вас со оваа голема награда. Сакам да им честитам на Мохамед Салах и Кристијано Роналдо. Сигурен сум дека Мо ќе има нова можност да се избори за оваа награда. Оваа награда не е само за мене, туку за сите со кои работев во последниве години. Благодарам на моето семејство, без кое не би бил тој играч и…

ПОВЕЌЕ ...