Медиа Плус, Штип во рамките на проектот Граѓански ресурсен центар организира отворен ден со граѓанските организации во Македонска Каменица на 22 Октомври (Понеделник) со почеток во 15:00 часот.
Оваа прва средба, е дел од Мобилниот ресурсен центар, а иницирана и помогната од општина Македонска Каменица. Истата ќе се одржи во просториите на Дом на култура – М.Каменица. Планирано е средбата да трае околу 2 часа, со временски простор за поставување на прашања од присутните на настанот до членовите на тимот од ГРЦ- Штип.
Целта на средбата е да се информираат локалните организации за Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, како и во Скопје и Гостивар. Можностите што ги нуди центарот како и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите.
Граѓанските организации ќе имаат можност да ги кажат своите потреби за градење на нивните капацитети и проблеми со кои се соочуваат.
Ве молиме да го потврдите вашето учество на средбата најдоцна до 19 октомври на: info.st@rcgo.mk
Проектот Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува МЦМС во партнерство со Медиа плус Штип и АДИ Гостивар.
Со почит,
Граѓански ресурсен центар Штип
