Author: Media Point

Владата ги усвои предлог-измените на Законот за нотари и извршители со кои се намалуваат тарифите на нотарски и на извршителските услуги. Со предложените измени трошоците се намалуваат од 50% до 90%, а за дел од нив за кои претходно се плаќало, според новите измени, услугата ќе биде бесплатна. Предлог-измените во законите за нотари и извршители: „Доколку претходно вкупните трошоци кај нотарот биле 3490 денари за сметка од 3000 денари сега ќе бидат вкупно 550 денари. На сметка од 11,000 денари за струја и парно, услугата на нотарот била 1100 денари, сега со новите ограничувања ќе биде 500 денари.  Судската такса…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24.09.2018 – Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули престојуваше во работна посета на рудникот за олово и цинк САСА. Делегацијата која го посети рудникот ја сочинуваа службеници од ресорното министерство, како и од Управата за животна средина, кои беа придружувани од градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. За време на посетата, членовите на менаџерскиот тим на Рудник САСА, предводени од генералниот директор Олег Телној ги запознаа гостите со сите клучни аспекти од работата и развојот на рудникот, почнувајќи од технолошкиот процес, вложувањата во современа рударска опрема, структурата на вработените и грижата за нивната благостојба,…

ПОВЕЌЕ ...

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модрич беше избран за играч бр.1 на ФИФА за 2018 година. Плејмејкерот на Реал Мадрид го победи поранешниот свој соиграч во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул – Мохамед Салах. – Голема чест е да бидам тука пред вас со оваа голема награда. Сакам да им честитам на Мохамед Салах и Кристијано Роналдо. Сигурен сум дека Мо ќе има нова можност да се избори за оваа награда. Оваа награда не е само за мене, туку за сите со кои работев во последниве години. Благодарам на моето семејство, без кое не би бил тој играч и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес се игра вонредно коло од Втората македонска фудбалска лига Исток, поради одложувањето на претпоследното коло поради меѓународните натпревари од Лигата на Нациите. Во Пехчево се игра источното дерби меѓу Кит-Го и Саса, кое според позициите на табелата е далеку од драматично. Кит-Го излегува на теренот од втората позиција со 10 освоени бодови, а каменичани се далеку на дното, на осмата позиција, со само 4 одвоени бодови. Ова значи дека картите му се наклонети на домаќинот Кит-Го, кој во последните 7 натпревари од Купот и првенството бележи само еден пораз од Шкендија и убедливи 6 победи. Сепак каменичани патуваат на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 25.09.2018 година Центарот за обука на пожарникари „Pegaz EDU“ со Јавен повик за кандидати за програмата – Пожарникар. Програмата се однесува за учебната 2018/2019 година, а обуката започнува од месец октомври 2018 година. Со завршувањето на обуката добивате сертификат лиценциран од Министерството за Образование и Наука.

ПОВЕЌЕ ...

Седум лица од Виница завршија на инфективното одделение во штипската Клиничка болница, откако консумирале храна во угостителски објект – сендвичара. „Во текот на викендот на Инфективното одделение примени се седум лица од Виница затруени од храна. Најмалиот пациент е 13 години, а највозрасниот 57 години“, информира Марина Шуманска, портпатол на Клиничка болница – Штип. Состојбата на хоспитализираните се оценува како стабилна, но тие под лекарска контрола ќе останат и во наредните денови. „Тие се наоѓаат на третман на Одделението за инфективни болести, во тек се и иследувањата и секако нивното лекување“, дополни Шуманска. Сепак, неизвесно е дали инфективното одделение во…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичанецот Бошко Стаменковски беше единствениот спортист кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство во Power lifting кое се одржа во унгарски Егер. Бошко освои сребрен медал во дисциплината бенч-прес до 75 килограми. Тоа е уште еден медал во низата кои спортистот од Македонска Каменица ги има освоено на големите натпреварувања. Задоволен од постигнатиот успех поранешниот светски првак им се заблагодари на сите кои придонесоа за неговиот успешен настап во Егер.  – Настапив во категорија за натпреварувачи до 75 килограми и притоа имав подигнато 135 килограми. Златото беше на дофат, но и ова е голем успех за мене. По неколкуте златни…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра фудбалски натпревар од Втората македонска лига помеѓу ФК Каменица Саса и ФК Вардар Неготино. Каменичките фудбалери со подобра игра и многу неискористени шанси стигнаа до првата победа во сезоната. Единствениот гол на натпреварот го постигна Дени Стоименов во 35-та минута од натпреварот.

ПОВЕЌЕ ...

На тринаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи и изложени на продажните штандови. Во манифестацијата се вклучија сите образовни институции во Делчево, децата од Дневниот центар, локални институции, а учениците од СОУ „М.М. Брицо“ подготвија и ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“. Свои производи на штанд понуди и најголемиот откупувач и преработувач на овошје во регионот „Рудине ММ“, како и ЗФГ „Копачка “ од с. Драмче, „Пијанечка пчела два“, како и физички лица. Од…

ПОВЕЌЕ ...

Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, потврдија за ТВ 24 од Управата. Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните. Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци. „Работиме на тоа. Имаме неколку опции во игра, но сакаме да го најдеме најсоодветното решение во интерес на граѓаните“- вели Сања Лукаревска, директор на УЈП за ТВ24. Според нашите информации, дилемата е дали да се…

ПОВЕЌЕ ...