Author: Media Point

Европската централна банка ги претстави новите верзии на банкнотите од 100 и од 200 евра, со нови подобрени безбедносни карактеристики што го отежнуваат нивното фалсификување. Новите банкноти вклучуваат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата, овој пат во посилна форма со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите. Дизајнерите ја намалиле висината на банкнотите, кои сега се изедначени со висината на банкнотата од 50 евра. Пред пуштањето во промет на 28 мај наредната година, потребно е да се приспособат повеќе од еден милион банкомати за оваа промена. Националните централни банки на 19 земји-членки на еврозоната…

ПОВЕЌЕ ...

Од Калтун Мад ДОО СКопје известуваат дека по извршените истражувања од нивна страна како концесионер на концесија „Саса“ извршена е редовна рекултивација на теренот според проектот за детални геолошки истраги. Известувањето доаѓа како претходна реакција на група граѓани и членови на планинарски друштва за делумно уништени планинарски патеки и вегетација. Лазар Ѓогиев, вработен во Калтун Мад како дипломиран инжинер – геолог, додава дека на терен остануваат до март наредната година и продолжуваат со истражувањата. Рекултивацијата на теренот е дел од нивните обврски и истата ќе биде навремено завршена во рамки на можностите и договорите кои фирмата ги има склучено…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со градоначалничката Соња Стаменкова и претсавници од УНДП денеска го отворија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Македонска Каменица. Центарот е со површина од 200 квадратни метри и има просторија за рехабилитација. Градоначалничката Стаменкова истакна дека во дневниот центар покрај лицата со интелектуална попреченост до 18 години ќе бидат опфатени и возрасни лица. „Во центарот ќе има програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а ќе се работи и во група и со…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на 33 издание на МФФ “ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО” и програмата на фестивалот, традиционално дел од учесниците ќе имаат свој традиционален концертен настап и дефиле во Македонска Каменица. Со свои ора и песни ќе се претстават фолклорни групи од Турција, Словенија, Молдавија, Бугарија, Хрватска, Литванија и КУД “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица како домаќини на настанот. Настапот започнува во 17:30 часот со фолклорно дефиле на учесниците во центарот на градот, додека од 18:00 часот, започнува концертниот настап на сите учесници во Домот на култура во Македонска Каменица. Настанот е во организација на КИЦ Романса, а помогнат од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 17.09.2018 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денес во 13:00 часот ќе го пуштат во употреба Центарот за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Во дневниот центар покрај лицата со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст до 18 години, ќе бидат опфатени и постари возрасни лица. Ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците. Сево ова ќе овозможи оспособување…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалскиот викенд за младинските категории на ФК Каменица Саса (помлади пионери и пионери) заврши со половичен успех. “Македонска Барселона”, помладите пионери на ФК Каменица Саса, под диригентската палка на капитенот Лазе Стојановски и дебитантот на тренерското столче Златко Милошевски ја извојуваа и третата последователна победа во Регионалната Помлада Пионерска – Исток. Фуриозното прво полувреме на нашите миленици заврши со 2 гола во мрежата на противникот Брегалница Сениори Делчево за вториот дел да биде само рутина. Со новата победа нашите миленици во овој момент се први на табелата во Регионалната Помлада Пионерска – Исток. Головите за ФК Каменица Саса ги постигнаа…

ПОВЕЌЕ ...

Денес се одигра 4-тото коло од Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток. ФК Каменица Саса гостуваше во Радовиш против екипата на ФК Плачковица. Во изедначен натпревар, на лош терен за игра, во кој судиите беа во центарот на вниманието, ФК Каменица Саса замина поразена со 2:1. ФК Каменица Саса го отвори резултатот на самиот крај на првиот дел, кога по одбиена топка автогол си даде домашниот играч Јане Стојанов. Во вториот дел судиите ги земаа работите во свои раце изненадени од водството на ФК Каменица Саса. Па така, на самиот почеток на второто полувреме, главниот судија за само 5 минути…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 14.09.2018. (kamenica.mk) – По пауза од 13 години синоќа во Дом на култура во Македонска Каменица повторно беше прикажан филм. Љубителите на филмската уметност имаа можност да го видат филмот „Исцелител, македонскиот игран филм во режија на Ѓорче Ставрески. Кино-проекцијата на филмот „Исцелител“ во Македонска Каменица е заедничка идеја на Совет на млади и КИЦ Романса од Македонска Каменица, која е реализирана со нивни заеднички ангажман.  Следни активности од областа на културата во Македонска Каменица продолжуваат во делот на театарската уметност. Како најава, 27 септември 2018 година. исто така во кино салата во Македонска Каменица ќе биде прикажана комедијата…

ПОВЕЌЕ ...

Новото откритие направено од страна на група научници од Медицинскиот центар во Бостон, укажува дека луѓето кои во исхраната внесуваат мала количина на јаглехидрати имаат пократок животен век, што е во спротивност со досегашните препораки за здрава исхрана на медицинските лица во повеќето држави од Европа и САД. Резултатите на ова истражување се базираат врз анализа на прехранбените навики на 15.400 луѓе од САД и укажуваат дека оние кои внесувале 50 до 55 проценти јаглехидрати во својата дневна исхрана имале најдолг животен век. Таа група на луѓе кога ќе стигне на возраст од 50 години може да очекува квалитетен живот во…

ПОВЕЌЕ ...