Author: Media Point
Македонска Каменица 11.09.2018 година – Совет на Млади и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица во четврток на 13. Септември, со почеток од 20:00 часот, во Домот на култура ќе го прикажуваат филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорѓе Ставревски. Картите се пуштени во продажба и можат да се купат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица со единечна цена од 60 денари.
Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните на Општината. Во проддолжение во целост ви ја пренесуваме честитката: „Почитувани сограѓани, Од мое лично име и од името на општина Македонска Каменица, дозволете ми да ви го честитам најголемиот државен празник 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија. На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно на референдум се изјаснија за своја слободна, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци. Денес, Република Македонија мошне…
Македонија денеска одбележува 27 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, празникот се слави во нови услови со јунскиот Договор од Преспа за конечно надминување на повеќедеценискиот спор за името со Република Грција и во пресрет на новиот референдум за прифаќање на овој договор и членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Новиот референдум закажан на 30 септември, за многумина, ќе ја има истата тежина како и првиот од 1991 година. На референдумот во 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на…
Делчево во празнична атмосфера денеска одбележува 74 години од ослободувањето и 27 години од независноста на Република Македонија. Во рамките на одбележувањето организиравме прием во мојот кабинет за поранешни градоначалници, поранешни и сегашни советници, истакнати личности, претставници на институции и здруженија на граѓани. Во чест и во спомен на паднатите борци за слобода, пред Споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ потсетија на историските моменти и значењето на НОВ и борбите кои претходеа на ослободувањето на Делчево. Во моето обраќање пред присутните гости и советници истакнав дека секоја генерација си има своја борба. -…
https://www.youtube.com/watch?v=HhFqXGNDS9o&feature=youtu.be Денес, во 14:45 часот на самиот влез во Македонска Каменица, се случи сообраќајна несреќа во која целосно изгоре кабинскиот дел на камион, марка Волво со бугарски регистарски таблици. Камионот превезувал 265 единици празни единици, секоја под притисок и со носивост од 90 литри метан. Брзата и присебна реакција наТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот. Екипите на ТППЕ сеуште се на терен, од полицијата го истражуваат случајот, за утврдување на последиците и причините за настанувањето на несреќата.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 22 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Фри-шоп државата помеѓу Шпанија и Франција, малата Андора, која пред повеќе од деценија ипол се прослави против Македонија со победата со 1-0, си запиша нов неверојатен рекорд – четири меча е без пораз. Андора е една од најслабите селекции во Европа и на светот, во рангот на Сан Марино, Гибралтар, ама во последниот период има резултати за гордост. Ова особено доаѓа откако синоќа успеаа да обезбедат реми без голови против Летонија во Рига. Ама, ако серијата од четири меча без пораз ги воодушевува Андорците, приказната станува уште поинтересна со фактот дека – во четирите меча немаат примено гол! Оваа неверојатна…
Од општина Македонска Каменица известуваат дека продолжуваат со реализација на планираните градежни активности, кои се дел од програмата предвидена за уредување и асфалтирање на пристапните патишта во селските средини. Денес, заврши асфалтирањето на пристапни патишта во село Луковица, со ширина од 3 метри и со должина од 530 метри. „Продолжуваме со асфалтирање на локални пристапни патишта во селските средини во Македонска Каменица. Само вчера и денес се асфалтирани 530 метри локален пат, со повеќе приклучни кракови, до домовите на жителите од село Луковица. Како што ветивме, со градежни активности ќе продолжиме и во останатите селски средини од општина Македонска Каменица.…
„Жито маркети“, поради отворање на нов маркет, има потреба од вработување на персонал за работа на позиција: Продавач – Македонска Каменица Потребни квалификации: Минимум средно образование Претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност Работно познавање на компјутери Опис на работното место: Продажба и услуга на клиентите Одржување и унапредување на изгледот на продавницата Други задачи поврзани со секојдневното функционирање на продавницата Личен профил: Ведрост, претставителност и комуникативност Одговорност и професионалност Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност Способност за тимска и самостојна работа Способност за работа под притисок Ориентираност кон клиенти Вашата пријава со Професионална Биографија може…
Со официјално потпишување на спогодбата меѓу Министерството за здравство и Синдикатот, во октомври над 19 000 здравствени работници ќе добијат поголема плата од 5 проценти. Средномедицинскиот кадар ќе има дополнителни 1500 денари а личниот доход на хирурзите од универзитетските клиники ќе биде зголемен за 4500 денари. – Најголемата придобивка е исполнувањето на ветувањето на Владата за ова зголемување на платите, а најбитното за нас како Синдикат е што ова покачување се однесува за сите вработени во здравството. На преговарачката маса со Министерството за здравство се ставени веќе и корекциите на коефициентите на сестрите со средно образование и корекциите на коефициентите…
