Author: Media Point

Најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, има извонредна колеција на костими за капење. Токму кога нејзините фанови помислија дека ги покажа сите костими, Кортни се појави со уште еден секси модел, кој е вистинска мамка за погледи. 39-годишната мајка на три деца, позираше под надворешен туш, во едноделно виолетово бикини, и освен што ја покажа совршената фигура, го потврди и трендот “sideboob”. Таа веќе неколкупати го потврди овој тренд, исто така во едноделно бикини. Уште еден тренд за на плажа, за кој се “закачија” и многу други славни дами, се металик-бикиниа. Кортни и во почетокот на летото позираше во металик-златен модел,…

ПОВЕЌЕ ...

По повод денот на градот, во Македонска Каменица на 28 август ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci lake“. Должина на „кружната“ патека околу Калиманско Езеро е 36 километри, со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци. Како што истакнаа организаторите пријавувањето е во периодот од 09:00 до 10:00 часот, пред стартот на турата на самиот ден на оддржување. На 28 август 2018 година во Македонска Каменица ќе се одржи велосипедска тура околу Калиманско езеро. Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица е целосно подготвена да го најави најголемиот културен настан во регионот „Каменичко културно лето 2018“ на коj учество ќе земат бројни македонски и балкански музички sвезди. На сцената од „Каменичкото културно лето 2018“ како најзначајна етаблирана културна манифестација во Македонска Каменица, покрај звучните балкански естрадни имиња: Ален Исламовиќ, музичката група С.А.Р.С. и Јелена Розга како најголема ѕвезда од главната вечер на манифестацијата, свое учество ќе земат и домашните изведувачи Тамара Тодевска, Слаткар, Елена Велевска и неколку фолколорни ансамбли. „Притоа, сакам да нагласам дека како Општина, во соработка со Културно Информативниот Центар „Романса“, на годинешново „Каменичко културно лето…

ПОВЕЌЕ ...

Свештениците при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ги известуваат своите верници за текот на богослужбите по повод 28 Август – патрониот празник на храмот, општината и рударите „Успение на Пресвета Богородица“. 27. Август (понеделник) Вечерна празнична богослужба во 16 часот, со свечена литија околу храмот. 28. Август (вторник) Празничната утрена богослужба од 07:00 часот Пречек на Митрополит Брегалнички г. Иларион во 07:30 Света архиерејска литургија во 08:00 часот 

ПОВЕЌЕ ...

Субвенции за земјоделците ќе има, но моделот на исплата радикално ќе се менува. Досегашната пракса покажа дека големи суми на буџетски средстава завршуваа во земјоделието, но очекуваните ефекти изостанаа. Токму поради ова, нештата во овој дел мора да се менуваат, смета минстерот за земјоделство Николовски: Ќе носиме нови развојни мерки, Ние од ЕУ добивме еден милион евра за анализа на моделот на исплата на субвенции кој мора да се менува. Мора да се насочиме и кон искористување на сите средства што Европа преку различни програми ги нуди, а кои досега не биле целосно искористени, истакна минстерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

ПОВЕЌЕ ...

Топлите летни денови се пред нас, а зимата секогаш со себе го носи истиот проблем. Не сме почнале навремено да вежбаме, па сега неможете самоуверено да облечете шорцеви или краток фустан и целото тоа поради најголемиот непријател на жената – целулитот. За среќа нема потреба да чекате многу – постојат три брзи решенија за прикривање на целулитот кој дејствуваат за само 60 секунди, Искористете ги овие трикови кога треба да облечете кратка облека, но најдобро е да почнете да вежбате и правилно да се храните за да имате долготрајно решение: 1. Лак за коса Купете лак за коса со висок…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера околу 11 часот кај место викано „Цветков чукар“ во селото Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума. „На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15.20 часот пожарот бил изгаснат. Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување“, соопшти МВР.

ПОВЕЌЕ ...

На градскиот стадион во Македонска Каменица, изниматиот викенд се оддржа спортскиот настан „Open Fun Football School“ – Македонска Каменица. Со многубројни детски игри, многу смеа и детски џагор, најмалите фудбалерчиња од Македонска Каменица се забавуваа, другаруваа и учеа од обучените тренери на Open Fun Football Schools  концептот. – Користејќи игри со топка и чиста игра, ние во Open Fun Football Schools, развивме наш сопствен „фан фудбалски концепт“, каде ги имплементираме радоста и играта. Радост, да се биде заедно со другите, да се научи како да се употреби новиот детал. Ние употребуваме мечти и фантазија во играта. Соништа додека играме дека сме…

ПОВЕЌЕ ...

Izvor: Fokus.Mk Денеска производителите на слива оджаа протест во Делчево, каде беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница. На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација. Тие еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки. Како што пренесува брегалнички.мк, во текот на протестот се случил инцидент при кој што додека неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот. На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 20.08.2018 година- Општина Македонска Каменица ги известува жителите дека поради претстојното “Каменичко културно лето 2018” во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица. Во понатамошниот текст на известувањето, од Општината замолуваат, граѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови или гаражи и на уредените паркинг просторите во градот. Да се однесуваат согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред и мир, со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај во наведениот период од една, и заштита…

ПОВЕЌЕ ...