Izvor: Fokus.Mk
Денеска производителите на слива оджаа протест во Делчево, каде беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница.
На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација. Тие еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки.
Како што пренесува брегалнички.мк, во текот на протестот се случил инцидент при кој што додека неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот.
На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и опструирање кон самиот протест.
